Линкови за пристапност

Девет сојузни држави во САД на траекторија да бидат отворени


Белата Куќа таргетира девет сојузни држави кои имаат најмал број на потврдени случаи на коронавирус да бидат меѓу првите кои повторно ќе ги отворат своите економии.

Д-р Дебра Биркс, координатор на тимот за справување со вирусот, изјави дека деветте држави имаат по помалку од 1.000 потврдени случаи и дека на ден регистрираат по помалку од 30 нови.

Биркс не ги именуваше државите, но споредбата со бројот на случаи покажува дека тие се меѓу најмалку населените во земјата, почнувајќи од Мејн на Атлантскиот брег завршувајќи со Хаваи во Тихиот Океан.

Останатите седум се Вермонт, Западна Вирџинија, Арканзас, Небраска, Северна Дакота, Монтана и Вајоминг.

XS
SM
MD
LG