Линкови за пристапност

Полициски час ќе има и за велигденските празници


Олеснување на рестриктивните мерки најрано на почетокот на идниот месец. Нови 68 случаи на заболени од коронавирус во последното деноноќие. Меѓу заболените се над 110 здравствени работници. Четиринаесет хоспитализирани пациенти се во критична состојба и приклучени на респираторни машини

СКОПЈЕ - Рестириктивните мерки за забрана на двиѓењето односно полициски час ќе има и наредниот викенд за време на велигденските празници а можно е да бидат подолги од оние кои што се сега на сила. Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче, кој соопшти дека се разгледува можноста да има ограничување на движењето од петок попладне до вторник наутро. Оваа можност која ја разгледувала Комисијата за заразни болести утре ќе биде на дневен ред на седница на Владата.

„Во однос на следниот викенд ќе разговараме точно каква мерка ќе биде во тек на следнава недела почнувајќи од утрешната владина седница .верувам дека еден од деновите ќе биде дополнително воведен во викендот. Значи еден од предлозите е да има рестрикција на движењето од петок попладне до вторник наутро. Значи плус понеделник што е мерка за овој викенд“, рече Филипче.

Во моментот полицискиот час кој е на сила почна во петокот во 16 часот и трае до понеделник до 5 часот наутро, односно вкупно 61 час.

По Велигденските празници се разгледува можноста на олеснување на рестриктивните мерки и забраните за движење но тоа допрва ќе се утврдува и ќе зависи од текот на ширењето на епидемијата на коронавирусот меѓу населението.

„Можеби ќе престанат да важат на почетокот или на средината на мај, но е многу тешко да се знае. Правиме автентични модели за функционирање потоа. Ќе функционираме по распоред поинаков од она досега. Нема да има гужви и редици и, како и по секоја епидемија од непознат предизвикувач, светот нешто учи. Верувам дека во сите земји ќе биде така и нема да биде исто, барем не непосредно по завршување на вакви рестриктивни мерки“, изјави Филипче.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се регистрирани 68 нови случаи на заболени од коронавирус. Со ова бројката на заболени се искачи на 828 лица.Ннајмногу новооткриени случаи има во Скопје и во Куманово.

Од министерството соопштија дека во моментов се хоспитализирани вкупно 119 пациенти, од кои 14 се во критична состојба и приклуечни на респираторни машини а девенетанесет се на кислородна поддршка.

„На Инфективната клиника се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина. Во Градската болница „8 ми Септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти а на домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување“, стои во официјалната информација на министерството.

Во последните 24 часа се направени вкушно 404 теста. Преку Инстутитот за јавно здравје (ИЈЗ) – 300, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

Гледано по градови најголем број на заболени лица има во Скопје - 312. Во Куманово се регистрирани 200 случаи а во Прилеп- 72. Во Дебар веќе деветти ден нема нов случај а бројката на забоелени е иста - 49. Струмица има регистрирано 43 случаи, Тетово - 33 а во Велес има 30 заболени. Во источниот дел од државата најмногу заболени има во Штип - 27 и во Кочани каде се регистрирани 21 случај. Во Битола има деветмина заболени, во Гостивар се осум, во Радовиш, Охрид и Гевгелија по четири. Крива Паланка, Крушево и Кавадарци имаат по тројца заболени, двајца се регистрирани во Струмица и еден случај во Пробиштип.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG