СКОПЈЕ - Лидерите на двете најголеми политички партии од македонскиот блок, Зоран Заев и Христијан Мицскоски од денеска се во задолжителна домашна изолација бидејќи минатата недела имааа контакт со новинар за кој вчера се потврди дека е заболен од коронавирус.
Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа бил тестиран и тестот бил негативен но тој сепак ќе истане во изолација наредните 7 дена, бидејќи неговиот последен контакт со новинарот биле минатиот петок. Резултатите од тестот на Зоран Заев, кој минатиот четврток беше интервјуиран од заболенито новинар, сеуште се чекаат а тој соопшти дека веќе заминал за Струмица каде ќе биде во самоизолација наредните денови.
„Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контактот со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Заев со оглед на тоа што тој синоќа вече беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по информациите е ставен во домашна изолација“, изјаи министерот Венко Филипче на вонредната прес конференција утрово.
Двајцата политичари, преку социјалната мрежа „Фејбук“потврдија дека се чувствуваат добро.
Заев соопшти дека во текот на интервјуто биле превземени сите заштитни мерки и протоколи.
„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот - по што ќе се утврдат следните чекори“, напшиа Заев.
Мицкоски пак напиша дека соопшти дека останува во изолација и му посака брзо закрепнување на новинарот.
„Сакам да информирам дека до овој момент сум во одлична здравствена и физичка кондиција. Во текот на вчерашниот ден, по добивање на информацијата дека е нарушено здравјето на новинарот со кој имав интервју точно пред една недела и истото се поврзува со пандемијата, направив тест чии резултати се негативни. Но, ќе ги почитувам препораките на здравствените лица и во наредниот период од неколку дена ќе останам во изолација. Се надевам на брзо закрепнување на новинарот и негово брзо враќање на работното место. Продолжувам од мојот дом да ја следам актуелната состојба. Да им даваме поддршка на оние кои се во првата линија против пандемијата. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние кои пројавија интерес за моето здравје. И понатаму активно ќе се бориме против пандемијата која донесе тешка здравствена, санитарна и економска криза. Сигурен сум дека на крајот заеднички ќе победиме затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија“,напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Министерот Филипче соопшти дека новинарот е во стабилна здравствена состојба и е на лекување во болницата „8 Септември“ каде вчера е примен и хоспитализиран.
Филипче додаде дека во текот на денотепидемиолозите ќе направат анкети и потоа ќе го соопштат својот наод со бројката на лица кои ќе одат во самоизолација.
Facebook Forum