СКОПЈЕ –Пет жртви на коронавирусот во последното деноноќие во Северна Македонија. Според официјалните инфромации на надлежните на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти - жител на Куманово на возраст од 52 години , стружанка од Лабуништа на возраст од 65 години, тетовчанка од селото Челопек на возраст од 62 години, штипјанка на возраст од 81 година и 53 годиушен кумановец кој починал во својот дом. Бројката на починати од почетокот на епидемијата на коронавирусот во државата изнесува 26 лица.
„На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени четворица пациенти, моментално се хоспитализирани вкупно 67 од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, за жал има влошување на состојбата и на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно самостојна, меѓутоа значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови, интензивно се прати нејзината состојба. Во градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиничка слика“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека состојбата на родилката од Куманово која неколку дена е во изолација на Инфективната клиника е сериозно влошена но сепак не е приклучена на респираторна машина.
Вчера и денес сите пацеинти кои беа згрижени во охридската Болница се префрлени во Клиничкиот центар во Битола.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи позитивни на коронавирусот со што вкупната бројка на заболени се искачи на 599 лица.
Гледано по градови, најголем број на заболени има во Скопје – вкупно 254. Во Куманово се регистрирани 128 случаи а во Дебар 49. Во Прилеп досега има 34 жители позитивни на коронавирусот, Тетово – 28 а во Струга бројката е 28 лица. Во Штип заболени се 20 жители,Кочани досега има регистрирано 17 случаи а во Велес се 10.
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.
Од МВР соопштија дека вчера и денес нови 536 лица потпишале изјави или пак се упатени во изолација а 41 граѓанин не го почитувал полицискиот час и ќе одговараат кривично.
Facebook Forum