СКОПЈЕ - Нов подолг полициски час во текот на работните денови и комплетна забрана за движење на граѓаните во викендите е последната мерка која ја донесе Владата во обид да се намали и спречи ширењето на заразата на коронавирусот во државата.Од понеделник до петок, граѓаните нема да може да се движат од 16 часот до 05 часот, додека за викендите полицискиот час стапува на сила во петок во 16 часот и истекува во понеделник во 05 часот наутро. За малолетниците дозволено е да се двиѓат на јавни места од 13 до 15 часот во текот на работните денови а за лицата над 67 години терминот е од 10 до 12 часот. Покрај тоа се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица освен ако не станува збор за родители со деца помали од 14 години.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на селата, исклучиво за работни потреби. Аптеките ќе работат непречено. Полицискиот час нема да важи за припадниците на полицијата и армијата, за здравствените работници како и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи.
Премиерот Оливер Спасовски кажа дека новите мерки се носат бидејќи граѓаните не биле на висина на задачата и не ги почитувале доволно досегашните мерки. На овој начин тој се надева дека ќе се забави понатамошното ширење на коронавирусот во државата.
„Одговорноста на граѓаните не беше на висина на задачата којашто ја имаше секој од нас и многу лесно се преминува преку препораките коишто ги даваат стручните лица и затоа ги донесовме и овие мерки за забрана на движењето. Јас посакувам овие мерки да ги дадат ефектите. Ние впрочем имаме недели наназад низа на мерки коишто беа донесени навреме врз основа на тоа што го кажуваат стручните луѓе. Тие даваа резултати, меѓутоа мора да направиме се за да имаме уште подобри резултати со што ќе помогнеме да го зачуваме здравјето и животот на луѓето“, изјави премиерот Спасовски.
Одлуката е донесена на барање на Комисијата за заразни болести.
„Имавме повеќе фактори. Тука се празниците и убавото време кое ни претстои. Затоа се предложија сите овие мерки во смисла на дополнително забрана на движење. Само социјална дистанца ќе стави крај на ширењето на вирусот“, објасни министерот за здравство Венко Филипче.
Премиерот Спасовки кажа дека следува фаза во која бројката на заболени но и на жртви ќе се зголемува исто како и притисокот врз здравствените работници и здравствениот ситем и побара граѓаните да дадат свој допринес и максимално да се придрѓуваат до мерките.
„Фазата во која влегуваме е фаза во која ги очекувме најголемите предизвици. Ова е нова радикална фаза за здравствениот систем, здравствените работници, економијата и одржливоста на системот. Секој од нас мора да даде максимален придонес во оваа критична фаза за да ја минеме со најмали штети. Голем дел ќе ја минат болеста со лесни симптоми. На многумина ќе им треба болнички третман. За жал некои ја избугија битката а ќе има и други кои ќе ја изгубат битката со коронавирусот. Секој од нас би сакал да знае кога сево ова ќе заврши, но ниту светот ниту ние немаме одговор“, потенцираше Спасовски.
Денеска се регистрирани три нови смртни случаи на Инфективната клиника. Станува збор за 40 годишен жител на Кочани, кој имал контакт со голем број на сограѓани пред да биде хоспитализиран како и двајца тетовци на возраст од 65 односно 69 години. Во меѓувреме на Клиниката се примени 10 нови пациенти со што сега има вкупно 70. Од нив осуммина се приклучени на респираторна машина а десетима се со тешка клиниќка слика. Исто така во Градската болница „8ми Спетември“ се примени четири пациенти а двајца се поставени на респиратор.
„Сакам да информирам дека ќестворица пациенти од Инфективната клиника се пуштени на домашно лекување откако двата последователни тестови кај нив беа негативни. Исто така и тројца пациенти од Дебар кои беа на домашно лекување се со два негативни теста и се излекувани“, изјави министерот Венко Филипче.
Тој информираше дека сите пациенти од Клиниката во Охрид се префрлаат во Битола како регионален центар и додаде дека засега не е загрозено функционирање на клиниката во Куманово каде има неколку заболени лекари и медицински сестри а петанесетина нивни колеги се во самоизолација како превентивна мерка.
Во последните 24 часа во државата се регистрирани 15 нови случаи на граѓани заболени од коронавирусот. Осуммина се во Куманово, четворица во Скопје и по еден во Тетово, Струга и Штип. Со ова вкупната бројка на заболени е 570 лица од кои 18 се деца до девет години возраст кои се со лесна слика но и 53 здравствени работници.
„Вчера беа напревени 200 теста, што е помалку од просекот од околу 350 бидејќи беше недела и беа намалени капацитетите за работа. Од денеска продолжуваме со исто темпо и интезитет“, додаде Филипче.
Воведувањето на новите рестриктивни мерки е неопходно за да се сочува здравстениот систем , сметаат од Институтот за јавно здравје.
„ Рестриктивните мерки ќе се примат со доза на недовреба кај дел од граѓаните но едноставно се неопходни. Нема друг начин, нема лек ,нема вакцина и нема друга мерка која може да го спречи или ублажи ширењето. Бројките можеби не се толку големи, но ако не се превземат овие мерки ќе има бројки кои ќе го оптоварат нашиот здравствен систем. Сеуште сме во фаза во која се зголемува бројот на случаи. Смртноста е пониска во однос на регионот и е под 4 проценти но мерките се неопходни за да ги задриме овие показатели“, рече доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Денеска во државата, под посредство на МНР, ќе се вратат околу дветсе македонски државјани.
„Од аеродромот Лутон, во близина на Лондон, со лет на Визер репатрирани се 130 македонски граѓани, а на летот кон Скопје, во соработка со британската амбасада во Северна Македонија, беа превезени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија. Исто така, информираме дека денеска се организира 4-ти по ред хуманитарен конвој, овој пат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјата ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила“, соопштија од МНР.
Ова ќе биде десетти чартер лет а досега во државата се вратени 2.431 македонски државјанин од повеќе држави во Европа но и САД и Јужна Америка.
Од МВР пак соопштија дека 143 лица во последните 24 часа се упатени во изолација а 72 биле затекнати во време на полициски час.
„По однос на забраната за движење евидентирано е дека 72 лица не ја почитувале оваа мерка, приведени се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација“, соопштија од МВР.
Оттаму информираат дека досега се регистрирани 12 случаи на полициски службеници кои се заболени од коронавирусот и поради тоа дополнители 50 полицајци се испратени во изолација а објектите каде се откриени случаите се дезинфицирани.
Facebook Forum