Линкови за пристапност

Филипче: 72 нови случаи на заразени од коронавирус во едно деноноќие


Уште две лица починаа,бројката на жртви се искачи на 19. Во функција се става и Градската болница „8ми Септември“. Десет отсто од заболените се здравстени работници. Ќе се бараат уште порестриктивни мерки за превенција а бројката на заболени се очекува да се искачи до две илјади

СКОПЈЕ – Рекордни 72 случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во последните 24 во Северна Македонија со што вклупната бројка на заболени се искачи на 555 лица. За жал во последното деноноќие починаа уште две лица хоспитализирани на Инфективната клиника и во Градската болница „8ми Септември“. Станува збор за маж од струшко Лабуништа, на 63 годишна возраст, донесен со тешка клиничка слика, бројни коморбидитети, и за жител на Куманово потврденпозитивен на вирусот КОВИД-19 на 1-ви април.

„Од Клиниката за инфективни болести со два контролни теста, денеска, дома заминуваат тројца пациенти во добра општа состојба и дополнителни тестови се чекаат за четири пациенти, кои доколку се негативни по вторпат, утре, ќе бидат исто така пуштени дома, во добра општа состојба“, соопшти министерот Филипче.


Денеска најмногу нови случаи се откриени во Куманово, дури 20. Овој град е под целодневен полициски час во текот на викендот токму поради рапидното зголемување на бројот на заразени.

Градоначалникот на Куманово, Макесим Димитриевски, повторно побара градот да се стави во карантин како што беше случајот со Дебар.

„Од утре се укинува целодневниот полициски час но ќе важи рестриктивниот, од 16 часот па се до ранот изутрина. Апелиран до гражаните да не излегуваат доколку нема потреба. Остануваме на ставот дека карантинот е мерка која е потреба во Куманово. Постои начин да се организира работата за да не се трпат големи штети во стопанството“, изјави Димитриевски за „Гласот на Америка“.

Гледано по градови најголем број на заразени има во Скопје – 235 лица. ВоКуманово бројката изнесува 114 а во Дебар се регистрирани 49 заболени. Во Прилеп досега има 33 случаи, Тетово -29, Струга – 24 а во Штип се регистрирани 19 лица заразени од коронавирус. Велес има десетмина заразени, во Битола се 6,Гостивар и Гевглелија имаат по 4 лица,Охрид и Радовиш – 3 а во Кавадарци, Струмица Крива Паланка и Крушево по два регистрирани случаи.

Она што загрижува е шторечиси десет отсто од заболените 555, односно 52 лица се здравствени работници. Според Филипче 34здравствени работници се заболени во болничкииамбулантски услови.

„Влегуваме во втората фаза на епидемијата, со оглед на тоа што имаме сè повеќе и повеќе дијагностицирани пациенти, што е констатирано на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести“, нагласи министерот.

Во моментов на Инфективната Клиника се хоспитализирани 74 пациенти а 15 се во тешка здравствена состојба и се приклучени на респираторни машини.

Од вчера во функција е ставена и болницата „8-ми Септември“, која досега беше наменета за пациенти коишто беа суспектни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како хируршка интервенција.

Во погон ќе се стави и мобилната мобилна поставена веднаш до Инфективната клиника која располага со 130 кревети а како опција е и болницата во Битола.

Бројката на заболените засега се проектира да се искачи до две илјади и затоа ќе се побараат дополнителни рестриктивни мерки.

„Утре ќе имаме дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести, до Владата можно е да предложиме и зајакнување на мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Бројот на заболени во деновите, неделите што се пред нас дополнително ќе расте. Сè уште остануваат прогнозите дека пикот на болеста ќе биде на крајот на април и некаде очекуваме околу 2.000 пациенти, иако многу фактори влијаат на овие предвидувања“, рече министерот Филипче.

Аплетите го граѓаните да ги почитуваат мерките, да ги сведат контактите на минуим и да не го напуштаат својот домне стивнуваат особено откако се потврди дека има асимптоматски носители на вирусот кои тешко се препознаваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG