СКОПЈЕ -Педесет и три нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу досега,две жртви но и потврда за други три смртни случаи како последица на вирусот е епилогот на последното деноноќие.
На Инфективната клиника почина жена од струшко Лабуништа на возраст од 71 година и 77 годишен Кумановец. Двајцата беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба. Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
„Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај. Со ова, во денешната статистика се видентирани 5 починати лица од Ковид-19“, соопштија од министерството за здравство.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се во тешка состојба и се приклучени на механичка вентилација. Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега а се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.
Најголем број на нови случаи се откриени во Струга, вкупно 14 со што вупната бројка на заболени во државата се искачи на 483 случаи од кои 20 се веќе излечени.
Гледано по градови најголем број на заразени има во Скопје - 221. Во Куманово, каде од вчера на сила е полициски час кој ќе трае до понеделник наутро има 93 слуачи. Во Дебар се регистрирани 49 заболени, во Прилеп 24 а во Струга досега има 23 лица кои се позитивни на коронавирус.Во Штип има 18 заболени а во Тетово се регистрирани 17. Во Велес има 9 случаи, во Битола гевгелиуја, и Гостивар по четворица, Охрид - е, Радовиш, Крива Планка и Каварадци имаат по двајца заразени а во Струмица еден случај.
Она што загрижува што меѓу заразените се педесетина здравстени лица, доктори и медициснки сестри а најтешко се погодени инфективните одделенија во Куманово, Штип и Гостивар. Во Штип 14 медицински лица од Инфективното одделение се во самоизолација и таму е префрлен лекар од Струмица. Во Куманово исто така е голем бројот на позитивни лекари и медициснки сестри но и на нивни колегхи кои превентицо се во самоизолација. Во Гостирвар е затворено епидемиолошкото одделение а медицинскиот тим е во самоизолација. Надлежните во неколку наврати соопштија дека голем дел од здравстевните работници се заразиле преку контакт со лица за кои не биле свесни дека се носители на вирусот.
Денеска заврши државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во скопската населба Тафталиџе и во депандансот во Демир Капија.
„Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите“, соопштија од Владата.
Речиси двесте граѓани вчера биле упатени во изолација или пак самите се согласиле да одат во самоизолација, соопштија надлеѓните. Според МВР на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација. Вчера при полициските контроли сите лица кои биле ставени во карантин биле во своите домови. Полицискиот час вчера се почитувал а на територијата на целата држава се фатени 59 лица кои не ја почитувале забраната за движење.
„Приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“ , велат од МВР
Над илјада и петстотини граѓани ќе одговараат пред законот бидејќи не го почитувале полицискиот час но и решенијата за изолација и самоизолација.
„Од воведувањето на полицискиот час па се до денес вкупно 1.322 лица не ја почитувале мерката. Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања. Констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација а поднесени се 134 кривични пријави до основното јавно обвинителство “, напиша Чулев на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во моментов во дравата има2.405 лица на кои им се издадени решенија за изолација, 9.793 лица пополниле изјава за самоизолација а во 25 објекти се сместени2.099 лица во државен карантин.
Facebook Forum