СКОПЈЕ -Двајца пациенти заразени со коронавирусот утворо починаа на Инфективната клиника со што бројката на жртви се искачи на девет. Станува збор за четириесет и петгодишен жител на Куманово кој преку одделението за инфективни болести во Куманово бил донесен во Градската болницата „8 Септември“ каде иницијално бил третиран а отоако му се влошила состојбата бил транспортиран на Инмфективната клиника. Втората жртва е 78 годишен ѓител на Дебар кој бил хоспотализиранво петокот.
„Има влошување на состојбата и доцна вечерта е префрлен на Клиниката за инфективни болести каде за жал реанимацијата после кардиопулмоналното откажување не успеале. Епидемиолошки се поврзува за член од семејството кој бил пред две недели во Франција. Пациентот е со бројни минати болести, шеќерна болест, болест на срцето, фебрилација, хипертензија и обезност. Другиот пациент на возраст од 78 години е од Клиниката за инфективни болести каде се лекувал од 27 март, кој имале претходни болести како Хронична опструктивна болест и хипертенција и бројна терапија за овие две состојби“,обајсни министерот Венко Филипче.
До крајот на неделата ќе биде пуштена во функција мобилната болница поставена веднаш од Инфективната клиника со што ќе се дуплира капациетот на пациенти.
Според официјалните информации на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во во моментот има54 пациенти а четворица се во критична состојба и се приклучени на респираторни машини. Дваесет пациенти освен редовната терапија, имаат потреба само од кислородна маска а останатите се со лесна клиничка слика.
Во изминатото деноноќие е регистриран најголемиот беој на ново откриени случаи на зааразени со коронавирусот - 44 и сега вкупната бројка на заболени во дрѓавата е 329 . Тоа се должи и на фактот што во последните 24 часа се направени и најголем број на тестирања, вкупно 392. Најголем број на новооткеиени случаи има во Куманово - 23, но Филипче соопшти дека сеуште не се размислува градот да се стави во карантин по примерот на Дебар.
Гледано по градови, најмног заразени има во Скопје - 176 лица, во Дебар и Куманово има по 47, Штип - 15 а во Прилеп се заразени десетмина жители на градот. Во Тетово засега се откриени 8 случаи, во Струга седум , во Велес – 6, Битола има4 заразени, во Охрид – 3, во Кавадарци се двајца а воГостивар, Крива Паланка, Струмица иГевгелија по еден.
Досега се направени вкупно 3.518 тестови а министерот Филипче најави дека капацитетите за тестирање од утре се зголемуваат двојно.
„Веќе е во функција пунктот во Чаир, а утре се отвора пунктот во Поликлиниката Идадија со што капацитетот на пунктовите во Скопје двојно се зголемува. До крајот на неделава започнуваат со работа и останатите пунктови ширум држава во здравствените домови. Денеска ги очекуваме резултатите од тестирањето на двајца пациенти од Битола и жената од Лабуништа која е почината вчера. Материјали се земени кај двајцата неподредно по смртта“, изјави тој.
Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Водно“ ја одржа четвртатата седница на Советот за безбедност во проширен состав. Тој беше брифиран за моменталната состојба со епидемијата на коронавирусот во Македонија и последиците по економијата. Пендаровски соопшти дека засега не се размислува за печатење на пари и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата.
„ Тешките денови сеуште не се зад нас, но, апелирам до сите, да бидеме смирени, да бидеме рационални, да бидеме одговорни кон нашето здравје и нашите животи и солидарни еден кон друг. Почитувајте ги препораките, останете дома, излегувајте само кога е неопходно. Немам никакви дилеми дека со заеднички напори сигурно ќе ја победиме епидемијата„, изјави претседателот Пендаровски.
Тој нагласи дека до заршувањето на вонредната состојба од 30 дена, што тој ја прогласи на 18 март, ќе свика најмалку уште една седница на Советот за безбедност за да се согледаат ефектите од преземените мерки и евентуално да се утврди дали има потреба од продолжување на вонредната ситуација.
Од МВР соопштија дека ноќеска на територијата на целата држава се фатени 89 лица кои не го почитувале полицискиот час.
„ По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив осум се малолетници, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници“, соопштија од министерство.
Вчера пак на 101 лице им е издадено решение за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација а еден граѓанин кој требало да биде во карантин не бил затекнат дома при проверката.
Од Обвинителството соопштија дека за 24 жители на Скопје кои не го почитувале полицискиот час ќе се бараат казни во висина од 48 илјади евра.
Facebook Forum