СКОПЈЕ - Уште една жртва на коронавирусот во државата. Утрово на Инфективната клиника почина 79 годишен жител на Дебар кој бил хоспитализиран на 25 март во тешка состојба. Тој е седмата жртва на епидемијата на коронавирус во Северна Македонија. Во последното деноноќие пак се регистрирани 26 нови случаи на лица заразени со коронавирус. Со ова вкупната бројка на заболени лица во државата се искачи на 285 лица. Регистриран е првиот случај и во Крива Паланка. Скопје е градот со најголем број на заразени лица.
Затоа пак денеска од Инфективната клиника на домашно лекување се пуштени девет пациенти чии два последователни теста биле негативни на присуство на коронавирус.
„Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти. Осуммина се од Дебар и еден е од Скопје. Тие на два последователни контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома. Пациентите кои имаат полесна клиничка слика закрепнуваат. Очекуваме наредните денови уште неколку да бидат пуштени на домашно откако ќе имаат два последователни негативни тестови “, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Во моментов на клиниката има 47 пациенти а тројца се приклучени на респираторни машини за дишење. Станува збор за лица на 50, 63 односо 67 годишна возраст.
Министерот Филипче соопшти дека жената од Лабуништа која вчера почина во болницата во Струга имала клиничка слика слична на болеста коронавирус и дека постмортем е земен брис за кој се чекаат резултатите.
Болницата во Охрид веќе има нов директор, откако неговата претходничка е разрешена поради смртта на 66 годишната жена од струшкото село Горно Татеши, заразена од коронавирус, која почина откако не беше примена на тамошната инфркативна клиника. Таа беше четвртата жртва во држвата. Случајот веќе го работи и Обвинителството а иснпекциските надзори покажале дека дежурниот лекар во болницата во Охрид го прекршил кодексот и не постапил како што требало и како што налагала ситуацијата
„Во тек на вчерашниот ден Државниот инспекторат почна вонреден инспекциски надзор. Инспекцискиот надзор сè уште трае, но од тоа што можам да го кажам досега е дека е утврдено прекршување во однос на неовозможување здравствена заштита, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен. Точно е и дека матичниот има издадено упат“, рече Иринка Сотирова.
Капациетот на тестирања на денвна база, кој во моментов е меѓу 200 и 300, од утре ќе се зголеми бидејќи почниуваат со тестирање две приватни лаборатории и лабораторијата на Ветеринарниот институт. Во Скопје се отвараат два нови пункта, поликлиниките Чаир и Млин Балкан а ќе се зголеми и во останатите градови во државата каде освен во Центрите за јавно здравје, тестирања ќе има и во локалните здарвствени домови.
Државата има доволна залиха на тестови.
„Добро е што бројката на дијагностицирани пациенти останува иста без разлика на тоа што од почетокот досега бројот на тестови се зголемува. Деновиве се вклучи и лабораторијата на Ветеринарниот институт со 30 теста, плус во трите приватните институции во секоја поединечно се прават по околу 30 тестови. Сметам дека сега засега имаме сосем доволен капацитет на тестирање. Донација од 20 илјади тестови веќе е на пат кон Македонија а приватна лабораторија донираше уште пет илјади“, изјави министерот Филипче.
Клиниката за кожни болести се очекува да профункционира од среда, откако беше затворена поради несовесноста на директорката која иако заразена со коронавирус не ги почкитуваше препораките и одеше на работа. Досега се потврдени шест нејзини колеги кои таа ги заразила.
Заводот за рехабилитација во Скопје дефинитивно ќе биде затворен откако осум медицински лица и двајца пациенти се позитивни на тестирањето. Во моментот се чекаат резулатите од останатите пациенти и персонал.
МВР денеска поднесе кривична пријава против скопјанец кој дал лажни податоци околу патување во странство и сокрил дека бил на скијање а откако му била дадена наредба за задолжителен карантин тој продолжил да оди на работа и го пренел вирусот на десетина вработени. Станува збор за првиот кластер на заразени во Скопје кој сега брои над педесет заразени.
„Осомничениот Ф.К. наместо да ги почитува насоките за самоизолацијаво континуитет остварува средби со неговите родители, братот и негова пријателка, остварува и средби во фирмата, а и подоцна продолжува со своето непридржување кон самоизолацијата и постапувајќи несовесно и неодговорно заразило повеќе лица и со тоа допринело за ширење на епидемијата“ соопшти заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.
Во текот на вчерашниот ден, на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. Едно лице кое било во задолжителен карантин не било затекнато во својот дом за време на полициската проверка.
Вчерашниот полициски час повторно делумно бил почитуван. Според официјалните информации од полицијата вкупно 242 лица не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 95 лица, опоменати 37 лица, а за останатите се изготвени записници кои ќе бидат достевни до Јавното обвинителство.
МНР соопшти дека заклучно со денес во државата организирале враќање на 2.020 македонски државјани кои беа заглавени во повеќе држави во Европа но и во светот. Најголем дел од нив, 1.275, се вратени со чартер летови.Введнаш по пристигањето тие се носат во хотели во повеќе градови и туристички места во државата каде ќе ги минат наредните 14 дена во задолжителен карантин под медицински надзор на лекарски тим но и со полициск обезбедување.
Facebook Forum