Линкови за пристапност

Двајца пациенти починаа од коронавирус на Инфективната клиника


Една од жртвите е 31 годишен скопјанец. Нови 18 заразени во државата. Министерот Филипче предупредува дека бројките на заразени и жртви ќе растат. Директорката на охридската болница е разрешена бидејќи не прими пациент кој подоцна почина. Над 11 илјади луѓе се во изолација и карантин

СКОПЈЕ - Двајца пациенти утрово починаа на Инфективната клиника откако нивната состојба нагло се влошила, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Двајцата биле поставени на респираторни машини но лекарите и покрај сите напори не успеале да им ги спапст животите. Со ова бројката на жртви од епидемијата на коронавирусот се искачи на шест лица. Станува збор за 91 годишен пациент кој бил хоспитализиран пред осум дена но и 31 годишно момче од Скопје кое било примено на Клиниката на 23 март.

„Кај пациентот имаше нагло влошување на состојбата, нагло паѓање на сатурација со кислород и распад на белите дробови со внатрешно крварење.Тој ја имаше најтешката форма на болеста позната во литературата“, изјави Филипче.

Министерот најави дека вирусот допрва ќе се шири и дека бројката на заразени но и жртви ќе се зголеми во наредниот период. Тој нагласи дека е добро што бројката линеарно расте и според очекувањата но граѓаните мора да ги почитуваат сите мерки и препораки.

„Влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот. Пред нас е најтешкиот период. Бројот на заболени ќе расте за жал, а ќе расте и бројот на починати. За тоа мора да бидеме свесни. Никој не е имун. Тоа се докажа денеска. Млад човек почина, тој ја имаше најтешката можна слика и форма на болеста. Мора сериозно да се однесуваме и нема да биде лесно. Да не се шири паника и сите да ги почитуваме препораките“, рече Филипче.

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 18 случаи на заразени со коронавирус а бројката на заболени се искачи на 259 лица. Најголем број на ново откриени слуачи се во Штип, 6 лица. Првите случаи се регистрирани во Струмица и Гевгелија, со што заразени лица има во вкупно 14 града низ државата.

Гледано по градови најголем број на заразени има во Скопје, вкупно 145 лица. Потоа следува Дебар со 46 заболени, Куманово каде што е регистриран 21 случај и Штип со 14 лица. Во Прилеп има осуммина заразени, Велес - 6, во Тетово и Струга по петмина, Во Охрид тројца, двајца се во Кавадарци а по еден заразен од коронавирус има во Гостивар, Битола, Гевгелија и Струмица.


Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 49 заболени а седуммина од нив се во сериозна состојба со тешка форма на пневмонија. Министерот Филипче соопшти дека кон средината на идната недела, веднаш до Инфективната клиника, ќе биде поставена компленто опремена мобилна болница со капацитет од 130 легла.

Засега не е познато кај колку лица се применува експерименталната терапија од антибиотикот сумамед и лекот за маларија а превите резултати треба да се очекуваат по 5 до 7 дена.

Според официјалните инфромации досега се направени околу 2.700 тестирања, од кои речеи 1.800 се во Институтот за јавно здравје. Капацитето на тестирања ќе се зголеми до 300 во еден ден.

„ Од утре се вклучува Лаборатијата на Ветеринарниот институт која има капацитет од 30 тестови на ден. Во текто на неделата ќе бидат вклучени и две приватни лаборатории“, објани Филипче.

Директорката на болницата во Охрид утре ќе биде разрешена поради случајот со починатата стружанка заразена со коронавирус. Според изјавите на здравствените работници од Струга, лекарите на Инфективната клиника не сакале да ја примат и со часови била во амбулатно возило пред Клиниката. Таа била вратена во својот дом каде починала. Обвинителството го устраѓува случајот и одговорноста на другите лекари во болницата.

Министерот Филипче соопшти дека Клиниката за кожни болести која беше затворена откако директорката заразена со коронавирус не ги почитуваше препораките и мерките одеше на работа од следната недела ќе почне да функционира. Во мометот се чекаат резултатите од вработените во Заводот за рехабилитација кој најевројатно ќе продолжи да функционира само амбулатно. Во Битола пак е затворена приватна гинеколошко акушерска болница откако еден од лекарите е тестиран позитивен на вирусот.

Филипче нагласи дека системот не потфрлил во однос на заштитата на здравјето на медицинскиот персонал а добар дел од здравствените работници се заразиле несвесни дека имаат контакт со заболени.

Сто и двајца приведени, 46 опоменати граѓани и 115 записници доставени до Обвинителството е билансот од вчерашниот полициски час, прв во траење од 16 до 05 часот наутро.

„Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2020) на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО“, соопшти МВР.

Според официјалните инфромации на надлежните, вчера на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Во рамките на контролите и проверките на лицата кои треба да се во карантин и самоизолација полицајците направиле 289 контроли и откриле тројца кои не ја почитувале мерката и го напуштиле домот.

Во моментов, над 11 илјади граѓани во Македонија се наоѓаат во карантин или самоизолација а државата обезбеди 19 објекти со капацитет од 2.100 легла.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG