СКОПЈЕ- Шеесет и шестгодишна стружанка е четвртата жртва од коронавирусот во државата, соопшти министерството за здравство. Таа починала утрово а била во контакт со еден од заразените доктори во Дебар. Стружанката и нејзиниот сопруг биле во самоизолација, се тестирала во четвртокот а наредниот ден биле готови резултатите кои покажале дека е позитивна на коронавирус. Поради нејзината здравствена состојба матичниот лекар препорачал таа да се хоспотализира на Инфективното одделение во Охрид, но тоа не се случило.
„Семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација. Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден. Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница“, стои во соопштението од министерството за здравство.
Отаму најавија дека ќе има целосна ревизија на случајот за да се утврди зошто таа не била хоспитализирана и покрај препораката на матичниот лекар, кој е виновен за тоа и чија е лрекасрата грешка.
Во последното деноноќие се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата со што бројката се искачи на 241 заболен. Први случаи се регистрирани во Битола и Струга и сто тоа бројката на градови каде има заразени од коронавиросот сега е 12.
По градови, најголем број на заразени има во Скопје - 143лица, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат. Во Штип и Прилеп се регстрирани по 8 заразени лица, четвроица во Тетово, во Охрид, Велес и Струга се регистрирани по три случаи, двајца заразени има во Кавадарци и по еден во Гостивар и Битола.
Откако радиолог во Клиниката за Кардиологија на скопскиот Клинички центар беше позитивен на тестот вчера се тестирани сите негови колеги со кои бил во конаткт а резултатите се негативни.
За овој случај министерот Филипче најави најостри санкции доколку се потврдат шпекуѕлациите дека заразениот свесно ги игнорирал препораките и мерките и одел на работа знаејќи дека можеби е носител на вирусот.
Денеска со два лета од Словенија и Германија се вратни над 300 македонски државјани кои беа заглавени во повеќе држави во Европа. Тие, според владината одлука се спроведени во 14 деневн задолителен карантин во повеќе објектикаде ќе бидат под постојан лекарски но и полициски надзор.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека во моментов во Македонија има над 10.500 лица кои се во задолжителен карантин или самоизолација. Од МВР информираадека досега се издадени 1.620 решенија за изолација а потпишани се 9.025 изјави за почитување на самоизолацијата.
“Во моментов вкупно 1.082 граѓани се сместени во државен карантин. Во моментов 19 објекти се за приспособени за оваа намена, а распоредот го прави Генералниот секретаријат на Владата“, изјави Чулев.
Од воведувањето на полицискиот час 502 граѓани се фатени надвор од своите домови и покрај забраната за движење,а само минатото деноноќие регистрирани се 94 лица кои не го почитувале полицискиот час. Според официјалните податоци од МВР, најголемиот број, вкупно 459, се на возраст од 18 до 67 години, 26 малолетници и 18 затекнати прекршители се постари од 67 години. Од нив, приведени се 199 лица меѓу кои 14 се малолетници. Опоменати се 136 граѓани а за 167 се преземаат дополнителни мерки.
Facebook Forum