Линкови за пристапност

Филипче: донација од 500 илјади маски и 20 илјади тестови пристига следната недела


Договорена е и донација на респираторни машини од Новрешка а се чека на одговор од Кина. Уште еден лекар од Клиниката за кожни болести е позитивен на тестот. Се утврдува како неподвижниот хоспитализиран тетовец се заразил од вирусот.

СКОПЈЕ - Петстотини илјади заштитни маски и 20 илјади тестови и реагенси е првата донација која ќе пристигне на почетокот на идната недела а договрена е и донација на репираторни машини од Норвешка а се чека на одговор од барањето кое е официјално испратено до Кина, информираше министерот Венко Филипче на редовната прес конференција во Владата.

Тој соопшти дека дваесет доктори и дваесет медицински сестри почнале он лајн тренинг кој го спроведува универзитетот „Браун“ од САД а се однесува на искуства во лекување на пациентите заразени со корона вирус. Денеска имаше средба и со амбасадорката на САД во државата, Кејт Мери Брнз.

„Денеска имав состанок со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на која и се заблагодарив за поддршката која изминатиот период ја даваа на осовременувањето на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во земјава каде се вршат сите тестирања.Денеска почнаон лајн тренингот на здравствени работници со помош на Браун Универзитетот од САД, кој ќе трае четири дена, а во кој се вклучени 20 доктори, 20 медицински сестри кои се тренираат да бидат тренери за искуствата во однос на лекување на овие пациенти, кои ќе можат да го пренесат своето знаење на другите колеги“, рече Филипче.

Северна Македонија е една од десетте земји која е избрана за да учествува во студија на Светската здравствена организација (СЗО) за искуства во лечењето на пациентите и избор на најдобра и најефикасна терапија.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани 24 нови случаи на заразени со коронавирус со што бројката се искачи на 201 заболено лице. Уште еден доктор од Клиниката за дерматологија е тестиран позитивен на присуство на вирусот. Клиниката е затворена веќе 17 дена а над 180 лица вклучувајќи го комплетниот медицински персонал е во карантин откако директорката на Клиниката, се заразила со коронавирус на скијање во Италија, ги игнорирала сите мерки и прописи и одела на работа.


Еден случај предизвика посебена интерес во јавноста и кај здравствените работници, а станува збор за постар тетовец, неподвижен, кој од 9 до 23 март бил хоспотализиран во Заводот за рехабилитација а кога бил вратен дома тестовите покажале присуство на корона вирус. Тој има само една посета од член на семејството. Тестирани се 14 здравстени работници, четвроица пациенти и десетина члена на негово семејство а д асе утврди каде и како старецот се заразил со вирусот.

Министерот Филипче најави дека од зависност од резулатите можно е затварање на Заводот. Во меѓувреме уште трае тестирањето на здравстевните работници од заводот за трасфузиологија во Охрид каде еден лекар е позитивен на коронавирусот а заводот е затворен.

Денеска уште двајца пациенти се пуштени од болничка изолација токако два последователни теста биле негативни на присуство на коронавирус. Бројката на излечени и починати пациенти е идентична - по три лица.

Денеска министерството за надворешни работи организираше враќање на македонски дрѓавјани зглавени во Словенија и Турција а утре ќе со два лета од Валета, Малта и Загреб во Македонија ќе бидат вратени околу 300 македонски државјани кои ќе бидат спроведени во задолѓителен карантин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG