Линкови за пристапност

Американскиот сенат го одобри историскиот економски пакет за справување со коронавирусот


Од Претставничкиот дом очекуваат законот да биде изгласан во петок

Американскиот Сенат доцна во средата постигна договор за економскиот пакет за справување со коронавирусот, чија цел е да ја поттикне американската економија која е се повеќе парализирана од напорите да се задржи ширењето на коронавирусот.

Предлог-законот мора да помине и во Претставничкиот домпред да биде потпишан од страна на претседателот Доналд Трамп. Од Претставничкиот дом рекоа дека очекуваат законот да биде изгласан во петок.

Предлог-законот мора да помине и во Претставничкиот дом пред да биде потпишан од страна на претседателот Доналд Трамп.


На почетокот на оваа недела берзите повторно забележаа пад - по загубите од минатата недела што ги избришаа речиси сите добивки забележани за време на претседателството на Трамп.

Со затворањето на фабрики, бизниси, ресторани и училишта, работниците се соочуваат со отпуштања. Некои пак мораат да направат тежок избор и да работат додека се болни бидејќи немаат платено боледување.

Пакетот за економска помош вреден два трилиони американски долари директно ќе влијае на американскиот народ, рече во средата лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, додавајќи дека тоа „може да направи разлика во наредните неколку месеци помеѓу ставањето храна на маса и гладувањето, разлика меѓу преживувањето на овој период на невработеност и финансиското пропаѓање.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG