Линкови за пристапност

Трета жртва од коронавирусот, експрименталната терапија почна да се применува на пациенти


Петмина доктори од Кожната клиника се тестирани позитивни на вирусот, шеснаесет дена по нивната изолација. Вкупниот број на заболени се искачи на 177 лица. Регистрирани случаи во две нови средини - градовите Прилеп и Велес

СКОПЈЕ - Жена од Дебар е третата жртва на коронавирусот во Северна Македонија. И поркај лекарските напори т попична поплднево по нагло влошување на здравствената состојба. Станува збор за 66 годишна жена, една од првите регистрирани заболени во државата, која подолго време беше поставена на респираторна машина.

Во изминатото деноноќие се регистрирани уште 29 нови случаи на заразени со коронавирус со што бројката на заболени се искачи на 177 лица. Заразени лица има во два нови града во Македонија - Велес и Прилеп. Најголем број ново регистрираните случаи се во Скопје - 20 случаи. По тројца ново заразени има во Куманово и Велес, двајца во Прилеп и еден во Дебар. Гледано по градови најмногу заразени има во Скопје - 108 лица, потоа е Дебар каде има 41 заразен но и една жртва, Куманово со 11 заболени и една жртва, во Штип има седуммина заразени, Велес тројца. Во Кавадарци, Прилеп и Охрид има по два регистрирани слуачи на коронавирус и еден во Гостивар.

Меѓу новозаразените се и петмина доктори од Клиниката за дерматологија кои веќе 16 дена беа во карантин откако беше откриено дека директорката на Клиниката која се врати од кризните подрачна во Италија каде била на скијање каде се заразила, не ги почитувала прописите и мерките на Владата.

„Од 29-те нови случаи, пет лица се од Кожната клиника, кои после 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми на земените материјали - тестови, со оглед на тоа што беше поминат инкубацискиот период, имаат позитивен резултат. Колегите се во добра општа состојба, практично се асимптоматски, се чека во домашна изолација периодот од 14 дена да помине и ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација. Со оглед на тоа што во оваа група навистина има повеќе лица денеска се овие пет позитивни случаи од 30 тестирани, а во следните денови продолжуваат да се тестираат сите, поделени во групи, со испитување на резултатите од другите пациенти кои доаѓаат од другите места“ соопшти министерот Филипче.

Од денеска експерименталата терапија од сумамед и лек против маларија која покажа доста добри резултати на светско ниво почна да им се дава на двајца пацинети на Инфективната клиника.

„Откако официјално завршија сите постапки, во комисиите, во Агенцијата за лекови, денеска двајца пациенти на Инфективната клиника веќе се ставени на терапијата. Потребно е да се направи кардиолошка анализа ЕКГ затоа што има таму и една контра индикација, значи не се дава на сите пациенти. Луѓето да не купуваат на своја рака или да се обидуваат да ги најдат лековите, мора да се даде според точна индикација на лекар специјалист“, кажа Филипче.

Во моментов максималниот капацитет е 170 тестирања на ден, а таа бројка ќе се згоеми откако неколку приватни лаборатории кои ги исполнуваат стандарите и нормите ќе бидат вклучени во процесот.

Владата, на денешната седница, донесе одлука со која во викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот за да се забави ширењето на коронвирусот и да се заштити населението.


„Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани. Ви препорачуваме да ги почитувате сите препораки и мерки од надлежните институции.“, изјави Муамед Хоџа, портпарол на Владата.

Во моментот на сила е полицискиот час на територијата на цела држава кој важи од 21 до 05 часот. За малолетните забраната за движење е од 21 до 12 часот а за лицата постари од 67 години од 11 до 05 часот наредниот ден.


Дури 103 лица синоќа не го почитувале полицискиот час, соопшти МВР.

„Во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан“, соопштија од полицијата.

Според надлежните, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Вкупно над 8.500 лица во државатасе во задолжителен карантин или самоизолација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG