Линкови за пристапност

Втора жртва од коронавирусот, нови 22 заразени лица


Вкупната бројка на заболени е 136 лица.Набавена е експерименталата терапија за лекување на коронавирусот. Над осум илјади луѓе се во карантин или самоизолација. MВР приведе 18 лица кои не го почитуваа полицискиот час а откриени се 23 лица кои не ја почитувале задолжителната изолација

СКОПЈЕ - Втора жртва од коронавирусот во државата. Станува збор за 63 годишен маж од Дебар кој ноќеска починал на клиниката за инфективни болести во Скопје каде бил во изолација. Во последното дононоќие регистрирани се 22 нови случаи на заразени со коронавирус со што бројката се искачи на 136 заболени лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека жртвата била во контакт со сопруѓниците од Дебар, првите регистрирани случаи во тој град. Неговата состојба нагло се влошила, успешно бил реанимиран и поставен на респираторна машина но и покрај лекарските напори тој починал.

„Ноќеска на Клиниката за инфективни болести почина пациент заболен од коронавирус. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба. Тој е успешно реанимиран, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет“, соопшти Филипче.


Според официјалните податоци во државата заклучно со 12 часот има 136 заболени лица а жариште е главниот град Скопје каде има вкупно 81 лице. Токму од Скопје се најголем број од новорегистрираните случаи-15 лица, а во последните 24 часа има четири нови случаи во Дебар , двајца во Куманово и еден нов случај во Охрид. Засега регистрирани случаи има во седум градови - Скопје, Дебар, Куманово, Охрид, Гостивар, Штип и Кавадарци.

Филипче соопшти дека од денеска и матичните лекари се вклучуваат во системот на тестирање.

„Секој граѓанин може да се јави кај својот матичен, без разлика дали има сипмтоми или не. Матичниот лекар согласно алгоритамот, кој го има во електронска форма, одлучува дали ќе се зема брис и закажува термин кога и каде да се земе. Во Скопје тоа се поликлиникте Јане Сандански и Ченто. Согласно итноста се закажува термин а согласно тестот и состојбата се завзема став за натамошно лекување на клиника или домашно во секојдневна комуникација со лекари и медицинска сестра“, објасни Филипче.

Експерименталмната терапија за третирање на лица заразени со коронавирус, која дава добри резултати на светско ниво - антибиотикот „сумамед“ и лек против маларија е обезбедена во огромни колични и од утре ќе почне да им се дава на пацинетите.

„ Денеска и утре треба да се заврши формлно правна постапка за добивање на дозвола за користење на терапијата од Малмед и ќе биде аплицирана на сите пациенти каде е индицирано“, кажа Филипче и апелираше граѓаните да не купиуваат панично лекови, особено сумамед и да не се самодијагноастицираат.

Вчеравечер, прв пат од осамостојувањето, во Северна македонија стапи на сила полициски час, на целатат територија на државата. Министерот за вантрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека забраната за движење генерално се почитувала. Приведени се 18 лица кои не ја почитувале забраната, против дел од нив се поднесени кривичмни пријави по член 206 од Кривичниот законик.

„Од осумнаесетмината уапсени, две лица се од Куманово и кај нив било најдено оружје. Петмина тетовци и двајца гостиварци се уапсени бидејќи не го почитувале полицискиот час и биле агресивни кон полицајците кои првенствено ги опоменале. Двајца радовишани и штипјанец исто така се на листата на уапсени а полицијата трага по едно лице од Виница кое успеало да побегне. Во Скопје, ноќеска нема уапсени.Во текот на полицискиот час опоменати се 74 лица но сакам да нагласам дека најчесто станува збор за лица кои биле во автомобили“, појасни Чулев.

Во последното деноноќие фатени се нови 23 лица кои не ја почитувале наредбата за изолација а еден од нив ќе одговара кривично и веќе е спроведен во државен карантин.


Во моментов МВР контролира 618 лица кои имаат решенија за изолација и 7.307 лица кои потпишале изјави за самоизолација. Досега вкупно се поднесени 77 кривични пријави за непочитување на изолацијата и карантинот.

Владата закажа седница за 17 часот на која ќе се разгледува сет економски мерки но и предлози за воведување на уште порестриктивни мерки за забавување и спречување на ширењето на заразата од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG