Линкови за пристапност

Владата воведе полициски час од 21 до 06 часот на територијата на целата држава


Од забраната се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа и во животнозагрозувачка состојба и исклучиво во придружба на најмногу две лица. Денеска се регистрирани 9 нови случаи на заразени со што бројката се искачи на 85 заболени

СКОПЈЕ - Од утре на сила стапува рестриктивна мерка која за прв пат се воведува во историјата на нашата земја и територијата на целата држава. Се воведува полициски час од 21 до 06 часот.

„ Објавувам дека Владата на донесе одлука за уште една мерка што за прв пат се воведува во историјата на нашата земја на целата територија. Донесовме одлука за воведување најрадикални мерки за да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронависурот. Од утре понуваме со ограничување на двиѓење на сите граѓани односно полициски час. Од утре се забранува движење на населението во пероод од 21 до 6 часот секој ден. Нема компромис кога здравјето на грааните е во прашање. мерките мора сите да ги почитуваме и само така ќе ги спасиме народот и државата Веќе ништо не е исто. Животот радикално се промени, кај нас и во целиот свет. Ситуацијата бара радикално менување на нашето секојдневие и затоа ја носиме оваа одлука“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Оваа одлука Владата ја донесе врз основа на анализи и барањето на Комисијата за заразни болести за да се спречи локално ширење на вирусот.


Од забраната се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, лица на дијализа и во животнозагрозувачка состојба и исклучиво во придруба на најмногу две лица.
Доколку полицијата го запре возилото ќе се проверува медицинската документација односнооправданоста на кршењето на полицискиот час.

Директорите на болниците и клиниките ќе достават до МВР список на вработени кои ќе бидат неопходни за работа и движењево време на полицискиот час и ќе им бидат издадени дозволи.

Полицискиот час не важи за припадниците на МВР, Армијата, противпожарните екипи, вработените во комунална хигиена кои се во моментот на смена.

Исто така ќе се намали бројот на дежурни аптеки во сите градови во државата. Пристапот ќе се ограничи само на лица кои имале медицински преглед во здравствена установа и ќе имаат изветај од преглед.

Такси компаниите треба да воведат дежурства со ограничен број на возила и тие ќе смеат да возат лица само до аптека или болница, а таксистите мора да носат маска и ракавици. Јавниот превоз нема да функционира за време на полицискиот час. Меѓуградскиот јавен превоз ќе биде ограничен и само со половина од капацитетот на патници во возилото.

Собирањето во групи поголеми од пет лица во период на 24 е забрането. Директорите и управителите на погони и фабрики мора да го прилагодат работното време и производството согласно полицискиот час. Во продавниците, аптеки и јавни установи кои даваат услуги за населението каде има каси и шалтери ќе смее да има онолку колку што има каси и шалтери.

„Потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација и да превземе се за максимално и одговорно однесување. Секој граѓанин е повикан да биде дел од оваа наша заедничка битка. ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мора да се однесуваме воредно и најодговорно.За животот на нашите граѓани се работи, за опстанокот на економскиот ситем се работи. Затоа сите да се кренеме на висината на задачата и ќе ја совладаме оваа ситуација“, порача Спасовски.

Минстерот Венко Филипче, на попладневната прес конференција соопшти дека заклучно со пладне се регистрирани девет нови случаи на заразени со коронавирус што што бројката на заболени се искачи на 85 лица. Она што е битно е што новозаболените во Скопје не биле во контакт со претходно регистрираните случаи. Пацинетката која е на респираторна машина е во критична состојба а тројца пациенти имаат тешка пневмонија. Остнатите заболени се стабилни и со лесна или средна слика. Засега над 3.500 лица се во самоизолација или карантин.


Залихата на тестови е доволна засега а Владата прави напори да обезбедни дополнителен број на респираторни машини иако засега за тоа нема потреба. Во Клиничкиот центар се расчистува просторот околу Инфективната клиника за да има непречен пристап но и простор за изградба на стационар.

Новина е што од утре минстерот Филипче еднаш во денот ќе ја соопштува бројата на новозаболени а таа ќе се однесува во период од 24 часа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG