Линкови за пристапност

До недела сите во Њујорк ќе треба да работат од дома


Оваа наредба не ги опфаќа суштинските бизниси, како аптеки, супермаркети и транспорт

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, нареди сите вработени во несуштинските бизниси да се префрлат да работат од дома најдоцна до недела, во обид да се спречи ширењето на вирусот.

„Ова не е на волонтерска база. Ќе вршиме мониторинг. Ќе има казни и задолжително затворање на бизнисите кои нема да ја почитуваат наредбата“, рече Куомо.

Њујорк на почетокот на неделата нареди вработените да се намалат за 50 отсто, вчера овој процент достигна до 75, а според денешната наредба, сите вработени ќе треба да работат од дома.

Оваа рестрикција не се однесува за неопходните бизниси, како аптеки, супермаркети и транспорт.

Гувернерот нареди од денес привремено да се затворат и сите фризерници, салони за убавина и за тетовирање.

Оваа сојузна држава има најголем број на случаи на коронавирус. Досега се потврдени 7.100 случаи, што е за 3.000 повеќе од вчера, како и 35 мртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG