-Колку вака расцепкана албанска опозиција, ќе биде доволно силна да ја симне ДУИ од власт, што сигурно е и ваша главна цел?
„Албанската опозиција не е расцепкана. Политичката битка ќе се води помеѓу два блокови. Тоа е Алијанса за Албанците во коалиција со Алтернатива и ДУИ. Мислам дека друга конкуренција нема да има внатре кај албанското гласачко тело. Кога зборуваме за промена, според нашите анкети кои цело време сме ги правеле, Алијанса за Албанците може и сама да ги победи изборите. Со оваа коалиција се гарантирани промените“, вели лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
-Која од македонските политички партии во овој момент ви е поблиска, ВМРО ДПМНЕ или СДСМ? И кои би биле условите кои Алијанса ќе ги постави при евентуален влез во идната извршна власт?
„Во коалиција ќе бидеме со таа политичка партија, која ќе ја прифати нашата програма, која е легитимирана од нашите гласачи. Има неколку прашања кои треба да се решат. Како прво ние не можеме да бидеме привремени граѓани со привремени права. Го имаме правото на автохтоност и историското право тука во оваа држава. Како прво ние не можеме да прифатиме дефиниција за албанскиот јазик, каде не се спомнува ниту а од албанскиот јазик. Прво треба да се промени таа дефиниција, јазикот кој го зборуваат над 20% од населението и кој е различен од македонскиот јазик. Зошто, заради истите причини што и македонците со право се чувствуваат омаловажени кога Бугарија им вели дека мора да има некоја фуснота пред македонски јазик. За истите причини и за нас оваа дефиниција треба да се промени. Има и други работи. Имаме економски план и економска програма. Време е веќе да се донесе и закон за правична застапеност“.
-Дали еден од условите можеби ќе биде и редефинирање на државата?
„Уставот не е нешто што е статично, што е донесен некаде и некогаш и не може да трпи промени. Уставот има за цел да го гради мирот и стабилноста во една држава и треба да се прилагоди на потребите кои ги имаат граѓаните. Па зошто да не“, вели Села.
Facebook Forum