Социјалната мрежа Твитер воведе нови правила за борба со неточните информации во врска со пандемијата на коронавирус.
Компанијата соопшти дека ќе бара од корисниците да ги избришат постовите кои ја зголемуваат веројатноста некој да го добие или да го пренесе вирусот.
Примери на ваква, забранета содржина се твитови кои се противат на експертските совети или кои ја охрабруваат јавноста да користи лажни и неефикасни методи на лекување, превенција или дијагностика.