Линкови за пристапност

Четири нови лица заразени со коронавирус


Во моментот се тестираат уште 30 лица. Надлежните подготвуваат план за скрининг на населението во неколку региони. Досега се направени 400 теста, државата има резерва од околу 1.500 а веќе е договорена набавка и донација на дополнителна залиха

СКОПЈЕ - Четири лица од Скопје се носители на коронавирус со што бројката на заразени во државата се искачи на 35 лица. Станува збор за членови на семејствата и блиски пријатели на скопјаните кои вчера беа дијагностицирани и префрлени во изолација на Инфективната клиника.

Во моментов се тестираат триесет лица а реазултатоте се очекуваат во текот на денот.

„Се прават анализи на 30 лица од кои едно од Куманово, две од Скопје, а останатите се граѓани на Дебар и околината, а по скринингот односно проширување на индикацијата за тест. Станува збор за лица кои немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените“, информираше министерот Филипче.

Тој соопшти дека здравствената сотојба на сите заболени е стабилна и без промени вклучувајќи ја и жената одДебар која неколку дена е приклучена на респираторна машина.Повечето од пациентите кои се наоќаат во изолација на Инфективната киника во Скопје или во своите домови во Дебар имаат лесна клиничка слика.

Ноќеска беа тестирани 12 патници од авионот кој слета од Брисел и тестовите беа негативни но по наредба на надлежните сите 31 патник се упатени во домашен карантин со задолѓителна контрола.

Десетте лица кои вчера беа префрлени во касарната „Пепелиште“ на армискиот полигон Криволак, а кои реагираа на условите таму ќе бидат префрлени во објектот специјално наменет за лица во карантин кој се наоѓа во близина на Демир Капија.Тие синоќа и утрово беа прегледани од епидемилог.

Денеска во Дебар ќе пристигне пулмолог кој треба да помогне на тимот во локалната клиника, но таму нема да се носат респираторни машини и доколку има потреба тимови на Итната помош ќе ги носат пациентите во Скопје.

Според официјалните податоци, досега се тестирани околу 400 лица на присуство на коронавирус.

„ Во залиха имаме 1.500 тестови, најавена е донација од илјада тестови и договрена е итна набавка на уште илјада. Од Светската здравствена организација (СЗО) ни најавија дека може да сметаме на илјада тестови неделно“, рече Филипче.

Иако има доволни залихи на крв, министерот соопшти дека се одложени хроничните интервенции, а со цел да се превенира евентуален недостиг на крв бидејќи поради новонастаната ситуација се редуцирани крводарителските акции.

Скринизите на населението ќе се интензивираат и прошират во повеќе региони во државата, вклучително и во Скопје.

„ Скрининзите по епидемиолошки индикации, како што веќе почнавме да правиме во Дебар, сега во околината во Струга, овие денови се прави планот и за некои населби и региони во Скопје и во други градови, согласно податоците кои ги имаат епидемиолозите, е многу битно за да се откријат што порано случаите за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем. Според него, масовен скрининг не значи дека целото население ќе биде тестирано, туку дека ќе се уловат групите луѓе кои можеби се во фаза на инкубација“, рече Филипче.

Мерките за изолација воглавно се почитуваат, полициските тимови редовно ги контролираат граѓаните кои се ставени во карантин и досега се открени неколку случаи на лица кои ги напуштиле свите домови иако им било забрането и за тоа ќе бидат соодветно казнети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG