Линкови за пристапност

Владата побара прогласување на вонредна состојба


Според процедурата барањето ќе биде испратено до собранискиот спикер Талат Џафери, но бидејќи Парламентот е распуштен, повеќе од извесно е дека попладнево вонредната состокјба ќе ја прогласи претседателот Стево Пендаровски

СКОПЈЕ - Владата на денешната седница која заврши предмалку донесе одлука за воведување на вонредна состојба на територијата на целата држава.

„Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема ниту најмала дилема. Донесовме одлука да предложиме носење на вонредна состојба на територијата на целата држава. Сега и веднаш. Мерките дадоа резултати но сега е време кога мора тие мерки да се заострат за да се спречи пикот на коронавирусот. Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја спречиме со воведување на воредна состојба“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека сега не е време на политикантство и дека станува збор за животите на граѓаните и зачувување на општеството и државата.

„Ова нема да значи рестрикции и забрани за движење. Такви мерки ќе се носат на дневно ниво во зависност од ситуацијата“, појасни Спасовски.

Тој повтори дека граѓаните мора да се однесуваат одговорно и да ги следат препораките на Владата.

„ Ништо веќе не е исто. Животото радикално се промени како кај нас така и во светот. Потребно е секој од нас да биде одговорен и одговорно да се однесува. Ако сакаме да ја заштитите нацијата сите мора да се однесуваме и вонредно и одговорно.Да се кренеме на висина на задачата.Подготвивме многу мерки, има резултати и ќе ја совладаме заканата, заедно ќе излеземе посилни“, рече Спасовски.

Премиерот нагласи дека вонредната сотојба и дава можност на Владата за брзо и ефикасно спроведување на мерките за заштита и одбрана нашата држава, општесто и економија.

„Само со вонредна состојба владата ќе може да делува непречено. Се созадаваат услови за сите кои учесвуваат во борбата против овој вирус да го дадат максимумот“, изјави Спасовски.

Предлогот веќе е испратен до спикерот Талат Џафери, кој според процедурата треба да го свика Собранието кое е распуштено. Затоа повеќе од извесно е дека вонредната состојба попладнево ќе ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG