Линкови за пристапност

Нови пет случаи на заболени од коронавирус


Кај четири здравствени работници од Дебар тестовите биле позитивни како и кај сопругата на скопјанецот кој утрово беше ставен во изолација на Инфективната клиника. Се тестираат патници на скопскиот аеродром кој тукушто слета од Брисел

СКОПЈЕ - Пет нови случаи на носители на коронавирус се регистрирани попладнево, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за четри здравствени работници од приватна амбуланта во Дебар и сопруга на бизнисмен од Скопје кој веќе е во болничка изолација на Инфективната клиника.

„ Попладнево имаме дијагностицирани пет нови случаи, од кои четири се здравствени работници од Дебар. Со ова, вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31. Од петте новозаболени освен четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести“, рече Филипче.

Министерот потенцира дека четворицата здравствени работници се од приватна здравствена установа од Дебар.

„Дел се само носители позитивни, веројатно дека ќе ја развијат болеста и беа скринирани како резултат на поширокиот скриниг што започна да се прави денеска во овој регион“, појасни министерот и додаде дека утре во болницата во Дебар, ќе испратат двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да го надополнат капацитетот и да помогнат на останатите здравствени работници, епидемиологот и тројцата инфектолози, кои се веќе таму, во однос на скринингот, во однос на третманот, во однос на домашните визите на пациентите кои се лекуваат во Дебар.

Тој нагласи дека е потребно граѓаните да се придржуваат до препораките за да може да функционира здравствениот систем и да се спречи нагло ширење на заразата која би го блокирала системот.

„Најбитно е пикот да не дојде нагло, да биде крива. Со овие мерки кои ги имплеметиравме очекуваме да биде благо зголемување. Да не се оптерети здравствениот систем. Вирусот е тука, има систем на ширење. Не само кај нас туку во целиот свет. Овие мерки се за системот што поблаго го прими ударот од пациенти. Колку пикот дојде поостро, понагло, толку е бидат поголеми проблемите на здравствениот систем“, објасни Филипче.

Министерот најави дека сетот мерки најверојатно ќе се продолѓи и училиштата кафулињата и рестораните ќе останат затворени.


Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Топ Тема“, не ја исклучи можноста повторно да се состане Советот за безбедност и да се разгледува можноста за воведување на кризна или вонредна состојба.

„Бидејќи утрово е случајот од Скопје кое има над 600 илјади жители и потенцијалот за ширење на вирусот е многу поголем од Дебар и Центар Жупа, можно е да одиме и во таа насока. Ние денеска влегуваме во една повисока фаза. Вчера бројката беше далеку помала. Од средината на вчерашниот до средината на денешниот ден имаме речиси дуплирање на бројот на заболени. Не сакам да кревам паника.Јас и вчера најавив ако е потребно советот за безбедност секојдневно ќе заседава да ја антиципираме ситуацијата“, изјави претседателот Пендаровски.

Вечерва на скопскиот аеродром слета авион од Брисел во кој, според информациите на надлежните, има неколку патници кои имаат симптоми на вирусот. Тие ќе бидат префрлени во Инфективната клиника на тестирање а останатите патници ќе бидат задрѓани на аеродромот се до добивањето на резултатите. Доколку тестовите се позитивни останатите патници ќе бидат испратени во самоизолација или во некој од објектите наменети за карантин.

Групата од 200 македонски државјани кои се враѓаат од кризните региони во Италија и Австрија почна да пристига на граничниот премин Деве Баир. Поради ризикот од заболени тие се транспортираат во касараната „Пепелиште“ на армискиот полигон Криволак каде ќе бидат задрѓани во изолаци 14 дена под постојан надзор на медициски тимови но и на армијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG