Линкови за пристапност

Филипче: Нема нови заболени од коронавирус, се тестираат седум лица


Скопјанката,првиот регистриран случај на носител на коронавирус, утрово е пуштена на домашно лекување. Здравствената состојба на останатите пациенти е стабилна. Попладнево заседава Советот за безбедност а вечер Владата. Лидерите на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ бараат опдложување на изборите

СКОПЈЕ - Нема нови заразени лица со коронавирус во последното деноноќие, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на прес конференцијата која заврши предмалку.Здравствената состојба на останатите осумнаесет пациенти кои се на инфективната клиника во Скопје и на домашно лекување во Дебар, вклучувајќи ја и жената која е приклучена на респираторна машина е стабилна. Денеска од Клиниката за инфективни болести е пуштена скопјанката која беше првиот регистриран случај на носител на коронавирус во Северна Македонија.

„Испишана е првата пацинетка и таа оди во домашно лекување. Сите кои бев во контакт со неа се тестирани и немаат никакви симптоми, тие се здрави. Непроменета и стабилна е состојбата на сите други осуммнаесет пациенти. Тринаесет од нив се на Инфективната клиника вклучувајќи ја ипацинетката на респираторна машина. Пацинетите во Дебар кои се на домашно лекување се стабилни и со лесна клиничка слика“, соопшти Филипче.

Во моментов се тестираат седум лица. Тројца се од Дебар кои имаат симптоми на грип а се повразни со кластерот на пациенти. Двајца се од Штип и двајца се на Инфективната клиника а тие патувале во Австрија и Германија изминатиот период. Резулатите се оечкуваат во наредните неколку часа.

Филипче најави дека во Дебар ќе се тестира поголема група на граѓани.

„Разговаравме со нашиот инфектолог кој е таму да ги координира локалните инфектолози и епидемиологот. Тие прават анализиза евентуално тестирање на други луѓе, една форма на скрининг, дури и на луѓе кои не биле во контакт пациентите кај кои веќе е дијагностициран вирусот. Ја прошируваме бројката на луѓе кои ќе ги тестираме. Од 40 до 80 луѓе ќе бидат тестрани за да се опфати целиот регион“, соопшти Филипче.

Тој нагласи дека кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро и нема никакви проблеми.

„Жителите се мирни, комплетно сфаќаат што се случува, мерките се спроведуваат, луѓето покажуваат исклучително висок степен на дисциплина“, кажа Филипче.

Попладнево во „Вила Водно“ кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски а ќе се разгледува можноста за прогласување на вонредна состојба.

Вечерва седница ќе одржи и Владата а на неа ќе се разгледува нов пакет мерки за заштита од ширењето на коронавирусот.

Лидерите на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, утрово побараа одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG