Линкови за пристапност

Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на национално ниво


Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на национално ниво за борба со коронавирусот. Тој рече дека ја издава наредбата „за да ја ослободи целата сила на федералната Влада“.

Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на национално ниво за борба со коронавирусот. Тој рече дека ја издава наредбата „за да ја ослободи целата сила на федералната Влада“.

„Оваа наредба ќе овозможи широки овластувања за секретарот за здравје кој ќе може да укине примена на одредени закони и регулативи за да овозможи поголема флексибилност на здравствените активности“ изјави Трамп на вонредно обраќање до нацијата.

Претседателот потенцираше дека со ова се отвора вратата за 50 милијарди долари федерална помош за справување со болеста. Апелираше секоја држава да воспостави центри кои ќе помогнат во борбата.

XS
SM
MD
LG