Линкови за пристапност

Бајден спроти Сандерс – кој ќе избие на врвот по денешното гласање?


Бајден спроти Сандерс – кој ќе избие на врвот по денешното гласање?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

Бајден спроти Сандерс – кој ќе избие на врвот по денешното гласање?

Денешните примарни избори во шест сојузни држави во САД ќе бидат клучен тест за тоа кој ќе добие претседателска демократска номинација - поранешниот потпретседател Џо Бајден или сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден се надева дека ќе го одржи неговото водство во демократската трка за претседател.

Навистина верувам дека создадовме момент и движење, поддржани од базата на Демократската партија. Ова движење ќе го победи Доналд Трамп.
Џо Бајден, кандидат за претседателска номинација


„Навистина верувам дека создадовме момент и движење, поддржани од базата на Демократската партија. Ова движење ќе го победи Доналд Трамп и ќе ја врати душата на нацијата“ изјави Џо Бајден, Демократски претседателски кандидат.

Бајден доби јавна поддршка од уште двајца поранешни ривали, сенаторите од Њу Џерси и Калифорнија, Кори Букер и Камала Харис.

Сандерс, пак, за време на кампањата во Мичиген, ја истакна поддршката од лидерот за граѓански права Џеси Џексон.

Браќа и сестри, ајде да победиме и да ја освоиме демократската номинација, да го поразиме Трамп и да ја трансформираме државата.
Берни Сандерс, кандидат за претседателска номинација


„Браќа и сестри, ајде да победиме и да ја освоиме демократската номинација, да го поразиме Трамп и да ја трансформираме државата“ изјави Берни Сандерс,

Демократски претседателски кандидат.

Пресвртницата во кампањата на Бајден на изборите минатата недела, го привлече вниманието на претседателот Доналд Трамп.

„Очекував дека ќе бидам во трка против Сандерс, но, мислам дека ќе му биде тешко да се поврати“ изјави Доналд Трамп, Претседател на САД.

Бајден тогаш освои десет од изборите во 14 сојузни држави, со што целосно ја промени демократската трка, изјави аналитичарот Лери Сабато.

„Бајден успеа да ги изненади сите, победувајќи со голема разлика на примарните избори во многу држави“ изјави Лари Сабато, Универзитет на Вирџинија.

Неговиот успех беше причина поранешниот градоначалник на Њујорк Мајк Блумберг и сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, да излезат од трката.

Најголема шанса за Сандерс да се поврати се денешните примарни избори во Мичиген, Ајдахо, Мисисипи, Мисури и во Вашингтон, како и на демократскиот кокус во Северна Дакота.

XS
SM
MD
LG