Линкови за пристапност

Коронавирус: Помалку нови случаи во Кина, повеќе во остатокот од светот


Кинескиот Претседател Си Џинпинг го посети градот Вухан за прв пат откако областа стана центар на епидемијата на коронавирус од кој само во Кина се заразија над 80.000 и починаа 3.100 луѓе.

Кинеските државни медиуми известија дека Си ќе ги посети медицинските работници и пациентите, но и дека ќе изврши надзор врз напорните за контрола на епидемијата.

Неговата посета доаѓа во време кога здравствените власти информираа за 19 нови случаи што е продолжување на трендот за намалување на бројот на инфекции во Кина додека вирусот во другите делови од светот се шири побрзо. Околу 70% од заразените во Кина веќе оздравеа.

Дел од одговорот на Кина беше затворање на големи области од земјата во обид да се спречи ширењето на вирусот при големи собири или при патување.

Италија сега ја применува истата стратегија откако оваа земја стана еден од најголемите центри на епидемијата надвор од Кина со 9.000 случаи и 460 починати.

Италијанските власти на почетокот поставија рестрикции во северниот дел, но од вторникот ограничувањата важат за целата земја која има околу 60 милиони жители.

Премиерот Џузепе Конте во телевизиско обраќање во понеделникот навечер порача дека мерките за карантин можат да се сумираат со една реченица „останувам дома“.

Во Иран официјалните лица соопштија дека коронавирусот убил уште 54 луѓе со што бројката на починати во Исламската Република достигна 291.

Првиот човек на Светската Здравствена Организација (СЗО) порача дека коронавирусот е распространет во толку многу држави што „заканата од пандемија е многу реална“. Но, Тедрос Адханом Гебреисус искажа и оптимизам велејќи дека ова би била првата пандемија во истроијата која може да биде контролирана.

Најголем дел од оние што ќе бидат заразени, ќе закрепнат
Теодрос Адханом Гебреисус

Тедрос рече дека со одлучна и рана акција светските лидери можат да го забават напредокот на болеста и да спречат нови инфекции. Тој рече дека „најголем дел од оние што ќе бидат заразени, ќе закрепнат“.

Во Соединетите Држави каде има 600 случаи и 26 починати неколку области забранија масовни собири додека дел од големите универзитети започнаа со онлајн предавања.

Четворица членови на Конгресот се во самоизолација откако биле во контакт со заразен за време на политичка конференција. Шефот на персоналот на Белата Куќа, Марк Медоус, исто така бил во контакт и е во самоизолација.

Претседателот Доналд Трамп кој имаше обраќање на конференцијата и бил во контакт со неколкумина кои биле во контакт со заразениот не се тестирал за коронавирус.

Германија ги пријави првите два смртни случаи од коронавирусот, но Канцеларката Ангела Меркел предупреди дека не треба да се мисли оти обидите за спречување на вирусот се залудни.

Работиме за да добиеме драгоцено време
Ангела Меркел, Канцеларка на Германија

„Работиме за да добиеме драгоцено време“ рече Меркел. „Време во кое научните можат да истражат лекови и вакцина а владите да обезбедат заштитна опрема“.

Францускиот Претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон прошета фатени за рака долж Шанзелизе како порака за охрабрување но држеа растојание од еден метар од другите луѓе.

„Се ракувам со срцето“ рече тој додека им мафташе на луѓето.

XS
SM
MD
LG