Линкови за пристапност

Заев во четвратата, Димитров во првата изборна единица - СДСМ ги избра кандидатите за пратеничките листи


Носители на листите ќе бидат техничкиот премиер Оливер Спасовски во втората, партискиот генерален секретар Љупчо Николовски во третата и Радмила Шеќеринска во петата изборна единица. Коалиција го има носителот во шестата изборна единица и вториот носител во четвртата.

СКОПЈЕ - Социјалдемократскиот сојуз - СДСМ ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април. Очекувано, како носители односно на првото и второто место, покрај Зоран Заев и Радмила Шеќеринска кои тоа вчера го потврдија, се најдоа и Оливер Спасовски, Мила Царовска, Сања Лукаревска, Јован Митрески и Јагода Шахпаска. Кпалициските партнери на СДСМ го добија носителот на листата во шестата изборна единица а тоа најверојатно ќе биде Билал Касами.

СДСМ најавија дека за овие избори на листите ќе има тандем односно двајца носители и во сите единици ќе бидат маж и жена.

Тандемот во првата изборна единица се актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот и поранешен министер за труд и социјална политика Мила Царовска.
Во двојка носител на листата е техничкиот премиер Оливер Спасовски а второт место е резервирано за Сања Лукаревска, актуелен директор на Управата за јавни приходи (УЈП).Носител на листата во третата изборна единица е генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски а второто место е за Јагода Шахпаска.

Очекувано претседателот на партијата Зоран Заев ќе истрча во четворката а второт место на пратеничката листа е доделено на коалициските партнери. Во петката носител на листата е вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска а нејзин тандем е координаторот на пратеничката група- Јован Митрески. Во шестата изборна единица носител ќе биде некој од коалцииските партнери а се погласни се шпекулациите дека тоа ќе биде лидерот на БЕСА, Билал Касами.

Високо на пратеничките листи котираат и актуелниот министер за информатичко општество Дамјан Манчевски, пратеникот Мухамед Зекири и портпаролот Костадин Костадинов а она што моѓе да се забележи е дека има многу нови имиња кои се поставени до десетото место.

Најдоцна до среда партнерите во коалицијата се очекува да ги достават своите предлози за кандидати на пратеничките листи.

Кандидатите со кои СДСМ ќе истрча на претстојните предвремени парламентарни избори беа заклучени денес, по состанокот на двете највисоки патриски тела Извршниот и Централниот одбор.

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ најверојатно утре ќе ги открие своите адути за априлските парламентарни избори за кога се закажани состаноци на Центарлниот и Извршниот комитет. Она што е познато е дека лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, нема да биде на пратеничките листи и доколку тие победат тој ќе биде мандатар на идната Влада.

Политичките партии имаат рок до четврток да ги комплетираат пратеничките листи и да ги достават до Државната изборна комисија - ДИК.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG