Линкови за пристапност

Коронавирусот удри на економијата, најпогодена авиоиндустријата


Коронавирусот удри на економијата, особено на авиоиндустријата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Коронавирусот удри на економијата, особено на авиоиндустријата

Најголемата британска домашна авиокомпанија стана последната жртва на коронавирусот. Флајби банкротираше поради слабата побарувачка. Оваа индустрија губи милијарди долари зашто луѓето од целиот свет помалку патуваат. Во меѓувреме Меѓународниот монетарен фонд им понуди 50 милијарди долари на посиромашните земји кои тешко би се справиле со пандемијата.

Флајби беше спасен од колапс во јануари. Но, сега откажаните патувања и слабата побарувачка поради заразата го турнаа во провалија. На директен удар се две илјади работни места, додека другите вработени, на аеродромите и во синџирот на добавувачи, исто така се во опасност.

Тажно е, зарем не? Едноставно тажно“
Кетрин Деншам, вработена во Флајби


Флајби не е сам. Глобалната авиоиндустрија страда.

„Можевме да видиме дека профитот надминуваше 100 милијарди долари, или околу 19% од глобалните приходи од патувања. Ова е шок каков што видовме за време на светската финансиска криза“ објаснува Брајан Пирс,

Главен економист на Меѓународната асоцијација за авиотранспорт.

Бројот на случаи на Ковид-19 во Британија нагло порасна. Владата порача дека фокусот се поместува од обиди за запирање кон одложување на сериозноста на ударот. Во тек е планирање за најлошото сценарио – целосно нарушување на јавниот ред и мир.

„Има одамна воспоставени планови според кои полицијата секако ќе ја одржува безбедноста на јавноста, но ќе има приоритети за тоа треба да се направи. Армијата е секогаш подготвена да помогне, но тоа е само при најлошото сценарио“ изјави Борис Џонсон, Премиер на Велика Британија .

Големите собири се откажуваат или одложуваат низ цела Европа – од саеми до спортски настани. Економските последици почнуваат да се чувствуваат.

Италија ги затвори сите училишта и универзитети. Во Венеција која вообичаено е преполна со посетители каналите се речиси празни. Туризмот опаѓа во целиот свет.

Продажбата на автомобили во Кина е намалена за 80% за еден месец. Синџирите за снабдување се пореметени.

ММФ ги намали глобалните проекции за раст. Понуди до 50 милијарди долари за посиромашните земји кои тешко би се справиле со коронавирусот.

Достапни се до 10 милијарди долари за земјите со ниски приходи со камата од 0%. Ќе има држави со приоритет, меѓу кои земјите во Африка, кои и досега се соочуваа со тешкотии
Кристалина Георгиева, Генерален Директор на ММФ.


Многу африкански земји тешко би се справиле со поголема појава на заразени покажува неодамнешна студија објавена во Лансет која ги потенцираше Нигерија, Етиопија, Судан, Ангола, Танзанија, Гана и Кенија како најранливи.

„Спречувањето на вирусот да влезе ќе станува се потешко. И ако се земат предвид податоците кои покажуваат дека квалитетот на грижата навистина има сериозно влијание за тоа колку сериозна или фатална може да биде болеста, мислам дека финансирањето на подобра здравствена заштита во целина може да биде навистина корисна стратегија“ вели Мариус Гилберт, Коавтор на извештајот, Слободен Универзитет - Брисел.

Единствена светла точка – новите инфекции во Кина, изворот на вирусот, продолжуваат да се намалуваат. Дали и другите земји ќе може да го повторат начинот на кој Пекинг се справи останува да се види.

XS
SM
MD
LG