СКОПЈЕ - Маж и жена од Дебар кои на 27 февруари пристигнале во државата од Италија се позитивни на коронавирус. Станува збор за сопружници на возраст од 62 односно 68 години кои со специјален транспорт веќе се пренесени во изолација на Инфективната клиника во Скопје. Тие патувале со автобус во која имало четириесетина патници од Скопје, Куманово и Дебар. Надлежните вќе ги идентификуваа сите патиници и во моментот се работи на нивно лоцирање и тестирање. Резултатите ќе бидат соопштени утре.
Сопружниците на почетокот на овој месец се пожалиле на нарушена здравствена состојба но матичниот лекар не ги препознал симптомите. Според министерот за здравство, Венко Филипче, во Дебар тие имале контакт со со едно лице, братот на сопругата.
„По влезот во државата, од автобусот се симнувале патници во Куманово, Скопје и Дебар. Двајцата сопружници немале никакви симптоми и за првпат со сосем лесни симптоми се јавиле на 2 март на матичниот лекар којшто не препознал индикации да се направи тестот за корона вирусот и ги пратил на домашно лекување. Денеска се јавиле во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар, и била поставена индикацијата согласно симптомите коишто се развиле во текот на вчерашниот ден. Земени се брисеви и денеска беа направени тестовите. За време на престојот дома, двајцата пациенти укажуваат дека имале контакт само со братот на жената. Денеска веќе во попладневниве часови се прави интервју од страна на епидемиолозите за да се оцени дали е потребно да биде ставен во изолација и тој човек или и членовите на неговото семејство“, изјави министерот Филипче.
Сите патници кои се превезувале во автобусот се идентификувани. Вечерва полицијата и надлежните гилоцираат нивните живеалишта.
„Во овој момент се прави идентификација, се утврдуваат местата на живеење на патниците и веќе од вечерва и во текот на утрешниот ден епидемиолозите, со асистенција на припадници на Министерството за внатрешни работи ќе направат со нив интервјуа и согласно податоците коишто ќе ги дадат, согласно нивната здравствена состојба, анализа на контактите коишто тие ги имале, ќе бидат преземени соодветни мерки. За сето тоа подетално ќе ве информираме во текот на утрешниот ден откако сите контакти, податоци и интервјуа ќе бидат завршени. Вечерва пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни и фебрилни болести каде што дежурната екипа е подготвена да ги пречека“, истакна министерот Филипче.
Според надлежните најголем ризик се патниците кои биле во непосредна близина на зарзените сопружници, односно оние кои седеле три реда пред и зад пациентите.
Министерот Филиче потенцираше дека можноста за второстепено пренесување на вирусот односно ширењето на заразата е е мала. Тој нагласи дека во зависност од резултатите од тестовите и информациите и заклучоците од интервјуата на епидемиолозите со патниците во автобусот ќе се превземат следните чекори.
Facebook Forum