Линкови за пристапност

Демократите во САД на крстопат - поделеност меѓу умереното и прогресивното крило на партијата


Демократите во САД поделени - остар јаз меѓу умереното и прогресивното крило на партијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Демократите во САД поделени - остар јаз меѓу умереното и прогресивното крило на партијата

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, е јасен предводник за номинација од партијата и покрај предупредувањата од умерените демократи дека Сандерс ќе биде поразен од претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември

Демократската партија е на крстопат во критично време од изборниот циклус во 2020 година.

Самопрогласениот демократски социјалист, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, е јасен предводник за номинација од партијата и покрај предупредувањата од умерените демократи дека Сандерс ќе биде поразен од претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември.

Кај Демократите всушност има остра поделеност помеѓу прогресивното и умереното крило на партијата.

Острата поделеност меѓу либералното и умереното крило кај дмократите дојде до полн израз на последната демократска дебата во Јужна Каролина, емитувана на CBS News.

Предводникот Берни Сандерс ја брани основната визија за неговата кампања – владата да преземе лидерство за подобрување на животот на сите Американци.

„Тоа не е економија што работи за американскиот народ, туку економија што работи за еден процент. Ние ќе создадеме економија за секого, не само за богатите учесници во кампањата“.

Но, тоа Сандерс го направи мета на напади од страна на умерените кои стравуваат дека неговата номинација би му ја дала победата на Трамп во ноември.

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ, вака тоа го артикулираше.

„Ако мислите дека последните четири години беа хаотични, токсични, исцрпувачки и донесоа поделби, замислете да го поминете подобриот дел од 2020 година со Берни Сандерс наспроти Доналд Трамп, што тоа ќе значи за оваа држава.“

Но, Сандерс и неговите приврзаници тврдат дека неговиот успех покажува оти Демократската партија се поместила налево од 2016 година и привлекува помлади и поангажирани гласачи.

Дополнително поместување во партијата донесе и одлуата на Бутиџеџ да се откаже од понатамошната трка за демократски претседателски кандидат.

XS
SM
MD
LG