Линкови за пристапност

Пит Бутиџаџ отпадна од трката за номинација


Пит Бутиџаџ се откажа од натамошната трка за демократска номинација во американските претседателски избори.

Зборувајќи пред поддржувачите во неделата, поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, кажа дека донел „тешка одлука“ да излезе од натпреварот.

Тој не поддржа ниеден друг кандидат, но вети дека ќе стори „се` што може“ да види демократ во Балата куќа во јануари.

Бутиџаџ беше првиот отворено геј претседателски кандидат на голема партија. Тој кажа дека се надева оти испратил порака до секое дете „обележано како различно“, покажувајќи им дека можат да станат водечки претседателски кандидат „со сопруг до нив“.

Бутиџаџ заврши на разочарувачко четврто место вп саботното прелиминарно гласање во Јужна Каролина во саботата, што значи дека не освоил делегати.

Неговата кампања имаше силен почеток со тесна победа на кокусите во Ајова и заврши втор на гласањето во Њу Хемпшир.

Но тоај подоцна имаше проблем во борбата за поддршка меѓу умерените со поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој ја доби Јужна Каролина и кој има далеку поголема поддршка меѓу Африканско-Американските гласачи.

Пред вторничкото гласање, што ќе се одржи во 14 сојузни држави, во залог се и делегатите на големите држави, Калифорнија и Тексас.

Истражувањата на јавно мислење покажуваат дека Бајден води во седум држави, Сандерс во шест и Клобучар е прва во нејзината држава.

Во вторник за прв пат и името на Блумберг ќе се појави на гласачкото ливче откако тој го прескокна натпреварот во првите четири држави порано минатиот месец.

XS
SM
MD
LG