Линкови за пристапност

Возачот на комбето во кое патуваше заразената скопјанка пренсен во болничка изолација


Владата препорача да се откажат сите поголеми јавни собири, културни манифестации и спортски натпревари. Организаторите ги откажаа карневалите во Струмица и Прилеп. Сите досегашни тестови за присуство на коронавирус се негативни а две лица, бугарски државјани се ставени во домашна изолација

СКОПЈЕ – Струмичанецот кој кој го возеше комбето во кое се превезуваше скопјанката заразена со коронавирус е спроведен во болничка изолација во Клиничкиот центар во градот откако утрово се пожалил дека има кашлица и болки во градите. Тим епидемиолози бил испратен во неговиот дом и тој според процедурите и протоколите за заштита бил пренесен бо болница каде се земени материјали и брисови кои се дадени за тестирање. Анализата на резултатите веќе се прави во лабораторија во Скопје и до крајот на денот ќе се знае дали возачот на комбето е позитивен на присуство на коронавирус. Министерот Венко Филипче нагласи дека возачот бил сам во домашна изолација, немало други членови на семејството со него и дека нема простор за паника.

„Тој е спроведен е во болницата во Струмица, од тим со полна заштитна опрема и се наоѓа во изолација. Во зависност од тоа какви ќе бидат резултатите ќе се одлучи како ќе се постапува понатаму. Доколку тестот е позитивен тој ќе биде транспортиран да се лекува на Инфективната клиника во изолација, ако е негативен ќе продолжи да се лекува во струмичката болница, на одделение и не во изолација“, изјави Филипче.

Владата, на денешната седница, го прифати предлогот на Управувачкиот комитет и министерството за здравство да се одложат сите поголеми јавни собири во наредниот период поради опасноста од корона вирусот. Владата донесе заклучок со кој на организаторите им се препорачува настаните да бидат одложени до 6 март. Тоа се однесува на двата карневали во Стумица и Прилеп, и на сите спортски настани и првенства.

„Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп и сите слични. Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации“, стои во соопштението од Влада.

Од министерството за здравство инфромираа дека тестовите на жител од Струмица, кој на 22 овој месец се вратил од Италија, а утрово се пожалил на покачена телесна температура покажале дека тој не е заразен со коронавирусот.

Бројот на лица кои се во домашна изолација се искачи на 14 откако денеска двајца бугарски државјани кои живеат и работат во државава пријавиле дека биле во еден од регионите во Италија зафатени во коронавирусот. Според безбедносниот протокол тие наредните две недели ќе ги минат во нивното живеалите во Битола и ќе бидат мониторирани од тим на епидемиолози.

Скопјанката кај која е потврдено присуството на коронавирусот е во стабилна здравствена состојба, без никакви компликации а лекарсиот тим проценил дека таа веќе почнала да закрепнува. Исто така дванаесетте лица од Скопје и Струмица кои се во домашна изолација се во добра здравствена и психичка состојба а тимови на Црвениот крст секојдневно вршат дотур на храна вода и сите неопходни продукти.

Министерот Филипче соопшти дека по инфромациите од медиумите и граѓаните почната е контрола на аптеките кои се посочени дека ги зголемиле цените на заштитните маски, средства за дезинфекција и друг медицински материјал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG