Линкови за пристапност

Филипче: Идентификувани се сите сопатници на жената заразена од корона вирус


Станува збор за девет лица од Скопје и Струмица кои според протоколот ќе бидат во домашна изолација наредните 14 дена. Тимови епидемиолози се упатени кон нивните домови и ќе ја набљудуваат нивната состојба. Тестови во моментот нема да се прават бидејќи моѓат да бидат лажно негативни

СКОПЈЕ - Четири лица од Скопје и пет од Струмица биле во комбето заедно со педесетгодишната жена за која е потврдена дека е заразена од корона-вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тие се веќе контактирани а надлежните испратиле тимови епидемиолози кон нивните домови.

Според процедурата осуммината сопатници и возачот на комбето во кое се превезувала и скопјанката за која е потврдено дека е заразена од корона вирусот ќе бидат во домашна изолација во наредните две недели.

„Лицата се идентификувани како и нивните роднини кои ги пречекале. Станува збор за две локации во Скопје и три во Струмица. Тие ќе бидат изолирани. Тимови на епидемиолози заедно со припадници на МВР се испратени во нивните живеалишта да ги анкетираат и да утврдат со кого контактирале во текот на денот и каде се движеле. Тие ќе ја следат нивната состојба а во моментов нема да ги тестираат поради опасност резултатот да биде лажно негативен. Посто можност да бидат префрени во болничка изолација доколку оцениме дека има потреба“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, вчерва во Владата.

Околу состојбата на пацинетката заразена со корона вирусот, Филипче соопшти дека нејзината состојба е стабилна, дека таа е свесна а зафатено било само едно белодробно крило и додаде дека има многу големи шанси да се излечи.

Сепак, на новинарско прашање, како таа влегла во државата и ги минала проверките на граничната полиција и царината, министерот соопшти дека очигледно дала лажани податоци.

„Очигледно дека патничката, пациентката не кажала вистински податок, инаку би било интервенирано на самиот грничен премин. Апелирам до граѓаните, мораат да даваат точни одговори на прашањата кои им се поставуваат на граничните премини и заеродромите“, рече Филипче.

Тој повтори дека ситуацијата е под контрола и дека нема простор за паника.

„Сакам да упатам уште еден апел до јавноста дека нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип и нема потреба од снабдувања и дополнителни залихи“, изјави Филипче.

Околу заштитата министерот повтори дека е потребно често да се мијат рацете, заштитните маски да не се користат, а доколку граѓаните се посомневаат веднаш да ги контрактираат надлежните и да останат во своите домови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG