Линкови за пристапност

Мигрантите ја обновуваат „Балканската рута“?


Според Меѓународната организација за мигранти од 31 јануари до 6 февруари се регистрирани 458 мигранти кои нелегално влегле на македонска територија. Сириецот Мустафа Рамадан е најновата бегалска жртва на македонска територија

На градските гробишта „Бутел“ во Скопје, во петокот бил погребан Мустафа Рамадан (33) бегалец од Сирија, пријавен како исчезнат од семејството и од невладината рганизација „Легис“, пред Нова година.

Неговото замрзнато тело е пронајдено пред десетина денови на Шар Планина, откако тоа го дозволиле повисоките температури, подобрувањето на временските услови и топењето на снегот. Телото на Рамадан е транспортирано со хеликоптер во Скопје, испитани се причините за смртта, а јавниот обвинител го одобрил погребот, на кој присуствувале петнаесеттина лица.

Активистите на „Легис“ известиле членови на неговото семејство во Холандија, неговите предмети се предадени на роднините, а во штурата забелешка за бегалската судбина, за крајот на еден човечки живот, се вели и дека Рамадан го загубил патот и следејќи ги он-лајн мапите на највисокиот планински масив, обидувајќи се некако да стигне до Холандија, се загубил на Шар Планина.

Иако, македонските активисти се обидуваат да ги информаираат лицата кои се движат по „Патеката на очајниците“ дека ако се загубат или имаат проблеми во патувањето низ македонска територија, „можат да се јават во најблиската полициска станица и да побараат азил, по што ќе бидат испратени во Центарот за азил во Скопје, каде ќе можат да добијат секаков вид хуманитарна и медицинска помош и бесплатна правна помош“, приказната на Сириецот Рамадан, татко на четири деца, заврши трагично.

Моментално, во Прифатниот центар во Визбегово се сместени 72 лица – баратели на азил (13 од Пакистан, по 12 од Мароко и од Куба, 11 од Авганистан, 6 од Сирија по тројца од Русија, Ирак Алжир, и по еден жител на Турција, Јемен, Ерменија, Египет, Индија, Палестина и Тунис..

Во изминатиот период, опфатен во последната достапна информација на Дневниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи, состојбата во прифатните центри е мирна. Во Прифатниот центар Винојуг крај Гевгелија, најпрвин немало мигранти за моментално таму да се сместени 13 лица. Во Привремениот центар Табановце се сместени 23 мигранти (петмина од Авганистан, 11 од Мароко, 2 од Палестина и петмина од Либија).

Но, од 31 јануари до 6 февруари, според Меѓународната организација за миграција, војниците на АРСМ сопреле и привеле 12 мигранти при обиди за нелегално поминување на јужната граница. Неофицијално, секојдневно продолжуваат обидите на бегалците/мигрантите да стигнат во Србија лриоејќи се во тварните возови. И официјалните податоците на МВР ја илустрираат зголемената фреквенција на бегалците/мигрантите и преку спречените обиди за трафикинг низ македонска територија, зашто само во неколку случаи - последните две недели, се фатени над двесте бегалци и мигранти и нивните криумчари, возачи на товарни мотони возила кои се движеле од југ кон север..

Во саботата вечерта, во реонот на село Ваксинце, во правец на граничниот премин Табановце е уапсен 29-годишниот Б.Д. од Скопје, возач на товарно моторно возило со струмичка регистрација, во кое, по претходна пријава биле пронајдени 43 мигранти од Бангладеш.

Моментално, во Прифатниот центар во Визбегово се сместени 72 лица – баратели на азил и тоа 13 од Пакистан, по 12 од Мароко и од Куба, 11 од Авганистан, 6 од Сирија по тројца од Русија, Ирак Алжир, и по еден жител на Турција, Јемен, Ерменија, Египет, Индија, Палестина и Тунис..


Во петокот вечерта на излезот од село Банско полициски службеници од СВР Струмица и од Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле паркирано товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки во кое биле пронајдени 47 лица, мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, а возачот претходно го напуштил местото на настанот.

Минатата недела, на локален пат во радовишко, полициски службеници пронашле товарно возило со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало 32 лица – мигранти (девет од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, и по едно лице од Индија и од Турција)., а возачот избегал пред доаѓањето на полициската патрола, Два дена подоцна, на влезот во селото Робово, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Ново Село“ запреле товарно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(62) од Скопје, во кое биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан и три од Пакистан. Возачот е уапсен и против него е, поднесена кривична пријава.

На 12 февруари кај селото Куклиш, струмичко, во координација на регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С. (43) од валандовското село Дорломбос, откако во товарното моторно возило со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет). Ден порано, при контрола во товарно моторно возило со српски регистерски ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино, биле пронајдени 22 лица-мигранти (18 од Пакистан и по двајца од Индија и Бангладеш), а возачот, 43-годишниот српски државјанин бил уапсен. На 8 фверуари вечерта, на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка во товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Н.(38) од Радовиш, биле пронајдени 26 мигранти од Бангладеш, од кои осумина биле малолетници...

Покрај зголмената активност на припадниците на МВР, случаите на криумчарење на мигранти и бегалци доживуваат и судски разврски. Според медиумските извештаи, две лица со потекло од Гана, со германски и италиански патни исправи, откако го признале делото, во петокот биле осудени условно - на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, и тие биле протерани од Р.С. Македонија.

Од друга страна, медиумите најавуваат и дека подобрувањето на временските прилики и заострувањето на односите меѓу централната власт и локалните жители на грчките острови, по одлуката на грчката Влада за итна изградба на затворени контролирани центри за бегалци/мигранти на Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос, можат да предизвикаат и создавање на нов бегалски бран кон север и кон грчко-македонската граница.

XS
SM
MD
LG