Линкови за пристапност

Нетанјаху вели планот на Трамп за Блискиот исток ќе опстане

Единствена пречка за израелскиот премиер би била доколку не е реизбран на 2-ри март

Израелскиот премиер Бенјамин Хетанјаху вели дека дури и ако демократ е избран за претседател во ноември, планот на Доналд Трамп за Блискиот исток ќе биде спроведен.

Но, Нетанјаху за Ерусалим пост рече дека една работа може да го запре планот, а тоа е ако ги загуби изборите закажани за 2-ри март.

Планот на Трамп за Блискиот исток предвидува, со време, создавање на палестинска држава, но поголем дел од Западниот брег, каде Палестинците сакаат независност, остава во рацете на Израелците.

Израел и САД заедно го направија планот без учество на Палестинците, кои одбија да партиципираат верувајќи дека САД ќе бидат повеќе на страната на Израел.

This item is part of
XS
SM
MD
LG