Линкови за пристапност

Стоун треба да почне со издржување на казната за две недели


Роџер Стоун, ветеран републикански оперативец и долгогодишен пријател на претседателот Доналд Трамп ќе започне со отслужување на затворската казна за две недели, откако ќе се постапи по неговото барање за повторно судење.

Вчера, федерален судија во Вашингтон го осуди Стоун на повеќе од три години затвор заради опструкција на конгресна истрага во врска со мешањето на Русија во претседателските избори во 2016.

Казната за Стоун беше преполовена во однос на барањето на федералните обвинители, пред генералниот правобранител да го преиначи предлогот, што донесе бура од реакции заради политичко мешање во правосудството.

По изрекувањето на казната, Трамп го критикуваше гонењето на Стоун, како нефер.

XS
SM
MD
LG