Линкови за пристапност

Охридските лозари ги закроија лозјата за Св.Трифун


Лозарите во Охрид ги закроија лозјата за Св.Труфун
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Лозарите во Охрид ги закроија лозјата за Св.Труфун

Cе собираме уште од раните утрински часови. Си носиме ракија, вино, храна, месо. Правиме скара за сите. Го зарежуваме лозјето за да ни даде род што повеќе, велат лозарите кои во чест на Св.Трифун ги закроија лозјата

Со закројување на лозовите насади, охриѓаните Владо и Дејан го одбележаа празникот посветен на Св.Трифун, светец за кој се смета дека е заштитник на лозјата и овошките. Велат дека станува збор за многувековна традиција што и тие ја наследиле од нивните предци. Веруваат дека годинава ќе има богат род, а Св.Трифун ќе ги штити лозјата од невреме и штетници.

„На Св. Трифун се собираме уште од раните утрински часови. Си носиме ракија, вино, храна, месо. Правиме скара за сите. Го зарежуваме лозјето за да ни даде род што повеќе. Адетот го правиме секоја година редовно. Ако се погоди времето се собираме од повеќе места, а доаѓаат и наши пријатели“, вели Владо Милошески-сопственик на лозје.


Но, велат за добар род е потребна работа во текот на целата година.

„На лозјето треба многу работа. Треба да си постојано тука. Има кроење, прскање, берење на насадите. Собирам и до 1.600 килограми годишно, а минатата година собрав околу 1.800 килограми“, вели Дејан Младеноски, сопственик на лозје.

Други пак денот го одбележаа со песна и домашно вино, а по зарежувањето, стеблата од лозјата ги полија со вино и ракија од минатогодишната берба. Велат така било пред сто години така е и денес.


За Иван Огненов овој ден има големо значење.

„Значи една молитва за добар род. Значи традиција, значи дружење, значи љубов кон виновата лоза. Мојот прадедо имал овде лозје во населбата Чекоштина каде доаѓале да земаат малку од грозјето за да ги подобрат своите вина оние кои имале лозја на други места“, вели Огненов.

Поголемиот дел од грозјето го употребуваат за производство на вино и ракија за сопствени потреби, а останатиот дел го продаваат. Се смета дека охридското поднебје ги има едни од најквалитетните сорти на грозје, од кое се произведува квалитетно вино. Најплодните лозови насади во регионот на Охрид, се наоѓаат во месноста викана Чекоштина.

XS
SM
MD
LG