Линкови за пристапност

Законот за јавно обвинителство ги помина комисиите, почнува трката по двотретинско мнозинство


Опозициските партии од албанскиот политички блок остануваат на ставот дека нема да го поддржат законот, како независната пратеничка Канчевска – Милевска. Пратеникот Антонио Милошоски објави снимка на која тврди дека се слуша гласот на екс премиерот Зоран Заев

СКОПЈЕ – Законот за јавно обвинителство ја помина процедурата во собраниските Комисии и ќе биде доставен до пратениците кои треба да го гласаат на пленарна седница. Комисијата не го прифати амандманот поднесен од претставникот на Алијансата на Албанците, пратеникот Сурија Рушиди,со кој се бараше во новиот закон за јавно обвинителство – незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година.

Кога ќе биде закажана седницата сеуште не е познато, но она што е јасно е дека започнува трката по неопходното двотретинско мнозинство односно гласовите на 80 пратеници. БЕСА, Алијанса на Албанците и неазвисната пратеничка Елизабета Канческа – Милевска најавија дека нема да го поддржат законот, а ставот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ е непроменет – законот за јавното обвинитество за нив е неприфатлив.

Во тој контекст денеска министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, изјави дека пратениците треба да го постигнат истиот консезус за овој закон како што имаше консензус за ратификацијата на членствопто во НАТО.

„ Постои воља во Собранието да се изгласа законот. Но двотретинските мнозиства се тешки во секое Собрание, особено во нашето. Додека не се случи не се знае. Мислам дека во следните часови или денови, секој од пратениците уште еднаш ќе потврди дали е за членство во НАТО и ЕУ, бидејќи членството не е само да гласаш за ратификацијата туку и за законите кои се неопходни за членството во НАТО и ЕУ“, рече Шеќеринска.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби, изјави дека е задоволен од измените во текстот на законот и дека сега ја има поддршката од пратеничката група на неговата партија – ДУИ.

На денешната седница на Комисијата, пратеникот од опозицијата Антонио Милошоски, пушти аудиоснимка од разговор кој тврди дека го добил од укажувач а на кој според него се слуша гласот на поранешниот премир Зоран Заев кој објаснува како се финансирала телевизијата „1тв“ на обвинетиот во „Рекет“ -Бојан Јовановски – „Боки13 “.

„Транскриптот и аудио материјалот фрлаат една мала светлина на тоа кој навистина сака скриена амнестија и зошто некој предлага какви било криминали во кои има индиции за висока корупција и организиран криминал, да може да важат до вчера, а не денес или утре“, изјави Милошоски.

Од СДСМ пак го упатија Милошоски кај надлените институции, обвинителството и полицијата, да ги достави материјалите кои ги презентираше на комисиската седница.

„Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази. Милошоски е очаен криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на законот за јавно обвинителство“, наведуваат од СДСМ.

Според текстот во новиот предлог закон, Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе се бира со непосредно гласање на сите обвинители, при изборот се воведува „Бадинтеровото мнозинство“,обвинителите по завршувањето на Академијата мора три години да работат во основни обвинителства, прислушуваните разговори нема да се користат во два случаите - „Талир “ и „Талир 2“ кои се однесуваат на незаконсото финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и изградбата на партиското седиште и ќе се воведе албанскиот јазик како официјален во Јавното обвинителство.

По последните најави од Франција и Холандија законот за јавно обвинителство стана еден од условите од кои ќе зависи одлуката на Самитот на ЕУ во март или Самиот на ЕУ – Западен балкан во мај дали на Македонија ќе и се даде датум за старт на предпристапните преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG