Линкови за пристапност

Владата го повлече законот за јавно обвинителство и достави нови предлози


Од договореното двотретинско мнозинство до правен хаос. ДУИ, Алијанса на Албанците и БЕСА се изјаснија дека нема да го подрржат законот бидејќи не кореспондира со договореното од вчера. Владата достави нов текст на законот а спикерот Џафери закажа нова седница која треба да почне доцна вечерва

СКОПЈЕ - Со доцнење од четири часа почна седницата на која требаше да се дискутира законот за јавно обвинителство и веднаш беше прекината бидејќи Владата достави нова верија со изменет текст на законот откако ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците соопштија дека нема да ја поддржат верзијата доставена во Собранието со што отпадна неопходното двотретинско мнозинство неопходно за усвојување на законот.

„Ве известувам дека владата го повлече предлогот за Законот за јавно обвинителство. Владата го повлече предлог законот за Советот на јавните обвинители. Бидејќи владата ги повлече овие предлози, констатирам дека 134 седница е завршена. Продолжуваме со 135 седница во 22 часот“, соопшти Џафери.

На новата 135-та седница повторно точка на дневниот ред е законот за јавно обвинителство.

Собраниската седница која беше закажана за 17 часот доценеше четири часа, министерката за правда, Рената Дескоска, дојде во Собранието на средба со спикерот Џафери а дел од пратениците побараа време за дополнителни консултации откако беше доставен новиот корегиран текст на законот.

За помалку од 24 часа се распадна обезбеденото двотретинско мнозинство. ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, како и Елизабета Канческа - Милевска од групата независни пратеници најавија дека нема да го поддржат законот.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека станува збор за друг текст на законот кој не е прифатлив за партијата бидејќи засе разликува од синоќешниот договорен текст на законот за јавното обвинителство.

„Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето. Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено“, изјави Ахмети.

Алијансата за Албанците беше првата партија која соошти дека нема да го поддржи законот за јавно обвинителство бидејќи пристигнатата верзија во Парламентот се разликува од онаа што тие ја договориле во преговорите со Министерството за правда.

„ Вистина е дека партијата водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува аменстија“, изјави пратеникот Слуејман Рушити.

Набрзо се огалсија и од БЕСА од каде сооштија дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот и дека законот е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена верзијата по скратена постапка.Пратеникот Фадил Зендели соопшти дека со оваа верзија се прави амнестија на високи политичари кои биле фатени во криминал и сакаат да се амнестираат.

Прес конференција одржа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повтори дека неговата пратеничка група нема да го поддржи законот и обвини дека власта со сила наметнува законски решенија кои се спротивни на Уставот, на европските вредности и на интересите на македонските граѓани. Тој оцени дека во предложениот закон не се содржани забелешките на експертите и побара да се сотави тим од експерти кои ќе го подготват текстот на законот кој ќе го изгласа следниот парламентарен состав.

„Заев со законот за јавно обвинителство со кој се сака да не важат прислушуваните разговори спроведува операција за амнестија, и тоа амнестија лично за Зоран Заев и членови на неговото семејство, амнестија за раководството на неговата партија и функционери од коалиционата влада за кои постојат сомнежи дека се силно инкриминирани во нелегални активности и амнестија конечно за помал дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, поточно за оние кои се во негово заложништво и решија да одработуваат за негови интереси“, рече Мицкоски.

Денеска повторно се огласија и од независната група пратениции потенцираа дека во нивните забелешки околу законот се воделе само од интересот на граѓаните и зацртаната стратешка цел за понатамошни ЕУ интеграции.

„Ние успеавме јавниот обвинител да биде избран транспарентно. Дадовме конечен рок и постапка за уништување на нелегално стекнатите материјали и овозможивме како опозиционери да се избориме да нема употреба на нелегални докази. Важно е дека обвинителството ќе работи по овој закон без префрлање на надлежностите на СЈО. Нема автоматски трансфер на обвинители од СЈО во ОЈО и избор на нови преку легален, транспарентен процес“, стои во соопштението.

Вчеравечер власта соопшти дека е постигнат договор и дека е обезбедно неопходното двотретинско мнозинство од 80 пратеници. Во моментов копјата се кршат околу членот 110 во кој стои дека незаконски прислушуваните материјали повеќе не може да се користат како основа за поднесување на обвинителен акт.

Спред текстот во новиот предлог закон Јавниот обвинител кој ќе раководи со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе се бира со непосредно гласање на сите обвинители, обвинителите по завршувањето на Академијата мора три години да работат во основни обвинителства, прислушуваните разговори нема да се користат во два случаите - „Талир “ и „Талир 2“ кои се однесуваат на незаконсото финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и изградбата на партиското седиште и ќе се вовоеде албанскиот јазик како официјален во Јавното обвинителство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG