СКОПЈЕ – „Осомничените секогаш беа еден чекор пред СЈО бидејќи знаеш што планираме да превземеме. Чудно беше како Орце Камчев беше подготвен во 6 часот наутро кога истражителите дојдоа во неговиот дом за претрес. Таму беше и Зоран Милевски – Кичеец и неговата сопруга Ана која исто така беше подготвена. При претресот во „Орка“ канцелариите беа „исчистени“ а таму не чекаа Михајло и Филимена Маневски“.
Обвинителката Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“, речиси три часа сведочеше на судскиот процес за случајот „Рекет“ и во детали опшишуваше како течела истрагата за „Империја“ и што се случувало во СЈО, за притисоците, односот и одлуките на Јанева.
„Не сме скарани, но не сме во добри односи“, рече Стефанова на стартот на сведочењето.
Бизнисменот Ванчо Чифлиганец, Наташа Савова, Сашо Мијалков и Добрила Кацарска беа посочени како лицата кои на некој начин се обиделе да издејствуваат поволна позиција за Камчев во „Империја“.
„Судијата Добрила Кацарска не се јави кај мене, туку кај друг колега. Беше присутна тука во судот цела вечер кога се одлучуваше за мерката притвор на Орце Камчев. Беше присутна од рано утро, до другото утро следниот ден“, кажа Стефанова.
За време на распит, Камчев кој бил донесен од притвор и дал лист хартија на кој Наташа Савова имала напишано инструкции како и зошто да му помогне на Камчев.
„Во ноемрври 2018 година го викнав во СЈО осомничениот Камчев кој беше во притвор. Додека стручниот соработник го носеше адвокатот во просторијата, Камчев искористи момент, изавди лист хартија од џепот и ми кажа „Читај за да се запознаеш со мене“. На листото стоеше логото од „Аџибадем Сиситан“ а текстот беше напишан од Наташа Савова која ми препорачуваше да се разговарам со Сашо Мијалков и тие да бидат ослободени од истрага. Камчев ми укажа дека многу моќни луше се со него и тие можат да влијаат врз истрагата“, сведочеше Стефанова.
Сепак таа нагласи дека во текот на предистрагата, сите обиди за влијание од „емисарите на Камчев“кај неа и кај Катица Јанева завршиле безупсешно бидејќи положбата на осомничените останала непроменета.
Но како течело времето, Јанева станала се позаинтересирана за „Империја“ и налагала да се носат одлуки со кои Стефанова не се согласувала. Повикуваќи се на носењето на Законот за Јавно обвинителство Јанева и наложила да ги врати пасошите на осомничените во „Империја“
„Ме повика мене и обвинителот Рустеми и рече да му го вратам пасошот на осомничениот Камчев и да не приговарам. Потоа ни наложи да изготвиме извештај за тоа колку штета треба да се плати во случаите „Империја“ и „Поштенска Банка“, да се плати и да се затворат предметите“, сведочеше Стефанова и додаде дека тогаш размислувала да даде оставка и да го информира Советот на обвинители.
Во текот на сведочењето таа кажа дека Jанева се однесувала како адвокат на дел од осомничените и дека последно што направила пред да даде оставка е ургенција за да се одмрзен имотот на осомничениот Цветан Панделевски.
Пред самиот крај на рочиштето Јанева бурно и недолично реагираше, обраќајки се со погрдни зборови кон Стефанова и затоа беше отстранета од судницата.
Бранителот на Јанева, адвокатката Ирена Фрчковска, ја осуди постапката на нејзиниот клиент а сведочењето на Стефанова го оцени како корисно.
„ Од исказот добивме впечаток дека ниту едно дејствие кое Јанева го превзела не било противзконско. Се гледа дека Јанева на ниту еден начин не е поврзана со она што и се става на товар во оваа постапка. Генерално сме задоволни од исказот на Стефанова, потврди дека Јанева не и се мешала во работата. Не се согласувам со испадот, но мојот клиент е многу револтиран бидејќи работите и ставовите се извртуваат“, рече Фрчковска.
Стефанова не сакаше да го коментира сведочењето па на новинарите им кажа дека Јанева нанела огромна штета на СЈО и на грѓаните и им дозволила на осомничените да го дискредитираат обвинителството и вработените.
„ Дејствијата за кои Катица Јанева денес е на обвинителна клупа му нанесоа сериозна шетета на СЈО и предизвикаа разочараност кај јавноста во државата. Тоа од друга страна им остави простор на осомничени и обвинети лица во предмети на СЈО неосновано да ги дискредитираат обвинителите и предметите за да избегнат кривична одговорност“, рече Стефанова пред судот.
Во случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски кој се товари за за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење на пари“ за кои Кривичниот законик предвидува казни од една до десет години затвор и Катица Јанева која пак се товари за злоупотреба на службената положба и овластување за кое минималната казна е три години затвор. Третообвинетиот Зоран Милевски ја призна вината уште на првото рочиште и доби три години затвор.
Во досегашниот тек на процесот сведочеа сопружниците Јордан и Ана Камчеви кои во детали ги опишуваа средбите со Јовановски, разговорите со Јанева и начинот на кој им биле барани а потоа предадени бараните 1,5 милиони евра рекет за да се издејстуваат одлуките кои потоа ги донесе Јанева во корист на Камчев. Тие тврдеа дека Јовановски ги знаел сите детали од истрагата и ги најавувал чекорите кои СЈО ги превземало во рамките на истрагата за „Империја“.
Покрај нив сведочеа и обвинителката Елизабеа Јосифовска и новинар во поранешната телевизија на Јовановски, „1тв“.
Следното рочите е закажано за утре а треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми.
Facebook Forum