Линкови за пристапност

Мишел: Иднината на Македонија е европска


Претседателот на Советот на Европа потенцираше дека во неговиот мандат ќе се залага за преговори со Македонија и во таа насока ќе предложи стратегија која се базира на три столба. Низвесноста околу проширувањето, методолгијата и одлуката за старт на преговорите останува до март и Самитот во Загреб

СКОПЈЕ - На заедничката прес конференција по средбата, претседателот Пендаровски му се заблагодари на Шарл Мишел за јавната поддршка за старт на пристапните преговори и поддршката за проширување на Европската Унија.Тој изрази надеж дека во март ќе биде усвоена новата методологија за водење на претпристапните преговори која Македонија е подготвена да ја прифати.

„ Наскоро стануваме полноправна членка на НАТО, со што го заокружуваме исполнувањето на едната од нашите две стратешки цели на кои работиме со децении. Се надевам дека оваа пролет ќе ни донесе позитивни вести и за нашата втора стратешка цел – членството во ЕУ“, рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски додаде дека сега е потребна е целосна посветеност на спроведување на клучните реформи и организирање на демократски, слободни и фер избори.


Мишел пак, повтори дека тој во неговиот мандат ќе се залага за отварање на процесот на предпристапните преговори со Македонија и во таа насока до Европскиот Совет ќе предложи стратегија базирана на три столба.

„ Првиот столб е следните недели и месеци да се фокусираме на процесот на реформа на моделот на проширување и негова модернизација. Констатирав дека има повеќе европски држави кои сметаат дека треба да дадат поголемо лидерство на овој процес, повеќе опипливи резултати ида направиме односите да се развиваат во взаемен интерес“, рече Мишел.

Вториот столб е прашањето за старт на преговори со Македонија и со Албанија кое треба повторно да биде поставено а во таа насока реформите и борбата против корупцијата и криминалот мора да продолжат и во наредните месеци.

Третиот столб, како што кажа Мишел, е Европската Унија да донесе стратегија за инвестиции и за раст на Западен Балкан.

Инаку, првата дестинација по пристигнувањето во Скопје на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, беше Владата каде тој се сретна со премиерот Оливер Спасовски.

На тет а тет средбата Спасовски изразил очекување дека датумот за старт ќе дојдепо усвојувањето на новата методологија за проширување и дека државите членки на Европската Унија ќе дадат согласност за усвојување и ќе ги испочитуваат дадените ветувања.


„Премиерот Спасовски истакна дека освен учеството во непреченото функционирање на Владата, од опозицијата се очекува и одговорен пристап во донесувањето на Законот за јавно обвинителство, да се издигне над политикантските калкулации и да прифати дека треба да учествува во усвојувањето на законот и да биде дел од европска иднина на Северна Македонија“, соопштија од Кабинетот на премиерот.

На средбата пак Мишел истакнал дека неговата посета на Македонија е порака дека иднината на државата но и на Албанија е во Европската Унија.

Во рамките на посетата Мишел утре ќе има средба и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG