СКОПЈЕ - Работните групи на СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ ќе продолжат со работа и преговори околу Законот за Јавно обвинителство, еден од клучните во еворинтеграциските процеси, откако стручните тимови на најголемата опозициска партија ќе изготват свои предлози и забелешки на владиниот предлог закон. Евентуално продолжување на преговорите меѓу работните групи е можно на почетокот на идната недела.
Ова е епилогот од денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО - ДПМНЕ која се одржа зад затворени врати на Правниот факултет.
,Камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение, со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое не е подложно на политички злоупотреби. – брифираат од ВМРО ДПМНЕ.
По средбата се огласи и претседатлот на СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека очекува предлог од ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат со работа работните групи на двете партии.
„ Ред е големите политички партии да најдат решение за вакво сериозно прашање, особено сега кога предметите на СЈО се обезбедени. Ред е да направиме суштински, структурен европски закон за Јавно обвинителство. Разговарам и со други пратеници, има надеж, треба да се помине и низ материјата за унапредување на целиот материјал, за на рајот да веруваме дека може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Тоа е еден од законите кои остана последен од делот на реформите, односно реформите во правосудството и наша обврска е да го донесеме“, стои во писменото соопштение од партијата.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска пак ги повика политичките партии да ги надминат, теснопартиските и политички позиции и да најдат компромис. Според Османи, Законот не е услов од Европскиот совет или Европската Комисија, но е важен за некои држави членки на Унијата, како што се Холандија и Франција.
„Советот не рече имате уште еден бенчмарк, но индивидуално земјите – членки, одредени земји членки сметаат дека овој закон е важен предуслов за воспоставување на правна држава“, рече Османи.
Ве меѓувреме во Собранието не е обезбедено двотретинското мнозинство, неопходно за Законот за Јавно обвинителство. Партиите од албанскиот блок засега без јасни сигнали дали ќе го поддрѓат а Заев пак најави дека се можни и компромиси за да се добие поддршаката на осуммината независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО - ДПМНЕ откако гласаа за Преспанскиот договор.
Во предлог-законот меѓудругото стои дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од СЈО на што се однесуваат најголемиот број на забелешки на опозицијата.
Преговорите меѓу власта и позицијата за овој закон почнаа во март минатата година, а сега остануваат уште дваесетина дена рок да се донесе бидејќи Собраието се распушта на 60 дена пред предвремените парламентарни избори закажани за 12 април односно на 11 февруари.
Facebook Forum