Линкови за пристапност

Одложено рочиштето за „Рекет“, адвокатите на Јанева болни


На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова која ја водеше истрагата за случајот „Империја“ и која се споменува во аудио снимките за случајот „Рекет“

СКОПЈЕ – Болест на двајцата бранители на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска, го одложи денешното рочиште на судкиот процес за случајот „Рекет“ на кое требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова која ја води истрагата за случајот „Империја“ каде првоосомничен е рекетираниот бизнисмен Орце Камчев. Адвокатот Кадиев го извести судот дека е хоспитализиран на Клиниката за инфентивни болести и ќе биде задржан до крајот на работната недела додека Фрчковска не доставила никаква медицинска документација.

Обвинителката Лиле Стефанова дојде во судницата но сепак не даде изјава за медиумите. Стефанова е обвинителот од поранешното СЈО а сегашното Јавно обвинителство која ја води истрагата во случајот „Империја“ каде покрај Камчев, за финансиски малверазции тешки над 10 милиони евра се осомничени и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и бизнисменот Цветан Панделевски.

Стефанова тврдеше дека без нејзина согласност Јанева донела одлука да му се врати пасошот на Камчев и дека Јанева на своја рака одлучила да се согласи со барањето на неговиот адвокатски тим, притворот да му се замени со куќен.

Во снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ Камчев и Јовановски неколку пати ја споменуваат Стефанова, а јанева пак ги убедува и смирува дека ја држи ситуацијата под контрола и дека Стефанова не може да повлече никаков потег без нејзиното знење или дозвола.

За случајот „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски кој се товари за за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење на пари“ за кои Кривичниот законик предвидува казни од една до десет години затвор и Катица Јанева која пак се товари за злоупотреба на службената положба и овластување за кое минималната казна е три години затвор. Третообвинетиот Зоран Милевски ја призна вината уште на првото рочиште и доби три години затвор.

Во досегашниот тек на процесот сведочеа сопружниците Јордан и Ана Камчеви кои во детали ги опишуваа средбите со Јовановски, разговорите со Јанева и начинот на кој им биле барани а потоа предадени бараните 1,5 милиони евра рекет за да се издејстуваат одлуките кои потоа ги донесе Јанева во корист на Камчев. Тие тврдеа дека Јовановски ги знаел сите детали од истрагата и ги најавувал чекорите кои СЈО ги превземало во рамките на истрагата за „Империја“.

Покрај нив сведочеа и обвинителката Елизабеа Јосифовска и новинар во поранешната телевизија на Јовановски, „1тв“.

Судењето продолжува во четврток.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG