Со членството на Северна Македонија во НАТО ќе се пополни голема празнина што постои во државата и Балканот, изјави во јуни за Гласот на Америка сенаторот Џејмс Риш, претседавач со Комисијата за надворешни работи на Сенатот, кој заедно со колеги од Конгресот, претставници на Стејт департментот и експерти во Вашингтон, ги следеа случувањата во државата годинава.
Специјалниот претставник за Балканот на Стејт департментот Метју Палмер, пак, истиот месец, пред очекуваниот ЕУ датум за Северна Македонија, кажа дека државата треба да остане посветена на европскиот процес, и оти САД се посветени на нејзината евроинтеграција.
Од видеото може да видите како тие, за Гласот на Америка, ги коментираа настаните во 2019-та, меѓу кои промената на името, ветото за почеток на преговори со ЕУ и првото учество на државата на Самит на НАТО.