Линкови за пристапност

Оливер Спасовски - премиер на идната техничка Влада


Мила Царовска ќе седне во столчето на Кочо Анѓушев, а шефовите на кабинети во МВР и труд и социјала ќе бидат дополнителните министри. Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ засега без најави кои ќе бидат нивните кандидати за министерски места

СКОПЈЕ - Оливер Спасовски ќе го наследи Зоран Заев во премиерскиот кабинет на Илинденска и ќе ја води техничката Влада од 3 јануари идната година. Тој едногласно беше поддржан од двете највисоки тела на матичната партија - СДСМ, Извршениот и Централниот одбор. Спасовски ќе ја води преодната Влада се до завршувањето на предврементите парламентарни избори закаѓани за 12 април и избор на нова.

Со името на Спасовски се лицитираше подолго време во јавноста и вечершните состаноци во седиштето на партијата речиси и да беа формалност а одлуката очекувана.

Досегашната министерка за труд и социјала, Мила Царовска, ќе го замени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој најави дека ќе се повлече од политиката.

За дополнителни министри во МВР и во труд и социјала, од СДСМ соопштија дека ќе ги предложат досегашните шефови на кабинети наСпасовски и Царовска, Славјанка Петровска односно Санела Шкријељ.

„ Станува збор за сериозни човечки капацитети кои досега се докажале. Секако, шефовите на кабиенти на двајцата министри кои ги предлагаме во Собранието се сериозни професионалци со кои ќе продолжи континуитетот на политиките“, рече премиерот Зоран Заев.

Според Пржинскиот модел,според кој беше составена Владата ред изборите во 2016 година,на 100 дена пред изборите актуелниот премиер треба да даде оставка и Собранието да избере нова техничка Влада за спроведување избори предводена од нов премиер предложен од најголемата партија од владејачкото мнозинство. На предлог на опозицијата ќе се изберат нови министри за внатрешни работи и труд и социјална политика како и заменици министри за финансии, земјоделство и информатичко општество.

Од ВМРО - ДПМНЕ сеуште молк околу кадровските решенија за техничката Влада.

Заев потврди дека предвремените избори нема да се одложат бидејќи опозицијата соработува околу изгласувањето на пакетот клучни закони.

„ Дадовме збор, а и опозицијата стоеше на зборот и денеска го заокружи пакетот на закони во Собранието што имаат реализација од 1 јануари. Останаа законите кои може да се донесат во јануари и може да се имплементираат следната година“, рече тој.

Дали ќе има една изборна единица или ќе се задрѓи посотечки модел останува да се види до распишувањето на изборите на 12 февруари.

За утре е закажана средба со лидерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се очекува да се дискутира околу кадровските предлози на опозицијата, составот на техничката Влада и изборниот модул, односно една или повеќе изборни единици. Состанок ќе има и меѓу Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Очекувам по изборите да се почитува правилото за коалицирање на победник со победник, и не сакам да се повтори 2006 година. Земјата има потреба од поголема почит меѓу субјектите и не треба да има ситуации и прашања кои биле пробани и нефункционални во минатото“, рече Ахмети.

Тој нагласи дека Македонците и Албанците само доколку се обединети можат да ги отстварат целите на земјата и додаде дека доколку има промена во датумот за избор мора да има нова лидерска средба под покровителство на претседателот Пендаровски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG