Линкови за пристапност

Правда подготвува нов Закон за јавното обвинителство, двотретинска поддршка повторно неизвесна


Во новиот Закон не се предвидува отварање на посебно Обвинителство за гонење на висок криминал и корупција туку тоа да биде задачан на Обвинителството за гонење на организиран криминал кое треба да ги превземе предметите, доказите и обвинителтите од СЈО

СКОПЈЕ - Нов Предлог закон за Јавно обвинителство подготвува министерството за правда со надеж дека ќе се одблокира процесот, ќе помине во Владата и ќе се изгласа во Собранието со што би се исполнило едно од клучните барања на Европската Унија. Откако стана јасно дека Законот за јавно обвинителство кој со месеци е предмет на преговори меѓу владеачката СДСМ и опозициската ВРО - ДПМНЕ нема да биде поддржан и нема да го добие неопходното двотретинско мнозиство , министерството почнало да работи на изготвување на нов во кој се инкорпорирани дел од забелешките на опозицијата но и други измени со цел да добие поддршка до сите парламентарни партии.

Според министерството за правда, со ова законско решение, се определува кој ќе ги превземе надлежностите на СЈО и материјалите од незаконското следење на комуникациите. Клучмната измена е што сега не се предвидува формирање на ново Обвинителство за гонење на висока корупција и криминал кое би било во склоп на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција туку само би била префрлена надлежност во Обвинителството кое во моментов го раководи обвинителката Вилма Рускоска. Новото законско решение предвидува обвинителите од СЈО да продолжат да постапуваат по истите предмети кои се предадени Јавното обвинителствоодносно дека продолжуваат сите предистраги и истраги што ги започнало СЈО.

Спорд новиот Предлог – закон Јавно обвинителство е задолжено да ги чува снимките од незаконското прислушкување - т.н. „бомби“, кои не се предадени како докази во судовите а по истекот на три години од правосилното завршување на постапките, тие материјали да бидат уништени согласно со одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки и записниците за уништувањето да се доставуваат до државниот јавен обвинител.

„Сериозно ги сфаќаме пораките дека потребен е нов закон за јавно обвинителство за продолжување на евроинтегративните процеси“, изјавија од Министерството за правда за МИА.

Клучно е дали и новиот формат на законот ќе ја добие неопходната двотретинска поддршка во Собранието, односно гласови од најмалку 80 пратеници.

Политичките партии засега тактизираат и се со доза на резерва.

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ ќе чека да го добие текстот на Предлог законот и да го разгледа а потоа ќе го соопшти својот став, однонсо дали ќе ја добие поддршката или не.

„ Не е добро за демократијата што прекина дијалогот помеѓу опозицијата и власта не само за законите од сферата на правосудството, туку и за законите од сферата на одбраната и безбедноста. Како наближуваат изборите, креативноста на СДСМ и на Владата е се поголема. Ние овие очајни обиди во последните моменти ги сфаќаме апсолутно несериозно, меѓутоа ќе почекаме да го добиеме предлог на зкаонот на текстот и потоа ќе се изјасниме како партија. Овој период опозицијата беше апсолутно конструктивна, на линија да се донесат овие решенија, меѓутоа ние сакаме институции кои ќе бидат независни од политички влијанија, институции кои што ќе гарантираат право и правда за сите подеднакво, институции кои нема да бидат на телефонска линија или во контакт со било кого“, изјави пратеникот ЕмилДимитриев.

Сличен став имаат и апртиите од албанскиот блок, ДУИ и Алијанса кои исто така чекаат на текстот од законот и откако ќе го проучат ќе излезат со став.

За СДСМ пак носењето на овој закон е императив и е потребен за продолжување на евроинтегративните процеси. Оттаму велат дека очекуваат да го добие неопходното двотретинско мнозинство.

„За детали за текстот на законот во овој момент не можам да зборувам затоа што се уште ние како пратеници не сме го добиле. Секако дека сите пратенички групи ќе бидат консултирани за текстот и ќе се разговара за евентуалните забелешки кои би ги имале. Тој закон се носи со 80 гласа или со двотретинско мнозинство и се надевам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за конечно да го одблокираме и тој процес. Ако доаѓа како предлог од министерството за правда или ако дојде како предлог од Владата, ДУИ е член на Владата и коалиционен партнер што значи дека има поддршка“, рече Јован Митровски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Законот за јавно обвинителство бил тема на разговор и на средбата меѓу Оливер Верхелји, новиот комесар за соседска политика и проширување и премиерот Зоран Заев одржана на маргините на Самитот на Централно европската иницијатива во Рим. Од Кабинетот на премиерот соопштија дека еврокомесарот Верхејли порачал дека очекува поддршка од сите политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата, за реформите и за носењето на законот за јавно обвинителство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG