Линкови за пристапност

Спасовски и Царовска фаворити за премиер на техничката Влада


Во четврток почнуваат внатрепартиските консултации на СДСМ околу наследникот на Заев а потоа и во рамките на коалицијата. Премиерот смета дека нема причини за одложување на предвремените избори закажани за 12 април

СКОПЈЕ - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се двајцата најсериозни кандидати за технички пермиери. Она што досега во јавноста се шпекулираше денеска го потврди и премиерот Зоран Заев кој додаде дека веќе во четврток раководството на партијата ќе разговара околу можните наследници на премиерската функција но и за дополнителните заменици министри во идната техничка Влада.

Спасовски и Царовска се логичен избор бидејќи тие мора да ги напуштат сегашните функции кои во техничката Влада ќе ги раководат министри од опозициската ВМРО - ДПМНЕ.

„Се споменуваат овие две имиња бидејќи ги напуштаат функциите. И ние се движиме во тој делокруг. Некогаш во политичките раководска се јавуваат и предлози за некој од надвор, сакаме да ги разгледаме и да ја донесеме одлуката“, рече Заев.

Засега не е познато кои ќе бидат дполнителните министри кои ќе ги предложи владеачката СДСМ.

„Ние треба да се усогласиме околу името на техничкиот премиер, за двајца дополнителни заменици министри во МТСП и МВР со право на вето. Веројатно до крајот на годината треба да следи и барање и предлози од опозицијата за министри во МВР и МТСП, но и тројца заменици министри и за тоа да разговараат со власта. Очекувам на 3 јануари, датум кој е на 100 дена пред избори да се констатира мојата оставка со што престанува да функционира оваа Влада која ја водам и на самата седница на предлог на новиот мандатор кој добива мандат од претседателот на државата, да се претстави техничката влада и програмата и да се избере“, додаде премиерот.

Од опозициската ВМРО - ДПМНЕ сеуште не ги откриваат имињата на предлозите за министри за внатрешни работи и за труд и социјала, и дополнителни во министерствата за земјоделство, информатичко општество и финанси.

Предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, ќе се одржат и нема причина за нивно одлагање. Според премиерот Заев очекувањата се дека шпанската влада ќе биде формирана на почетокот на јануари и земјата да го ратификува Протоколот за членството на Македонија во НАТО, со што се отвара можност овој парламентарен состав да го ратификува пред распуштањето на Собранието.

„ Ова го кажувам транспарентно за да не останат дилеми дека постои каква било аргументација за одложување на изборите. А зошто е ова важно, за да можат компаниите, коморите и граѓаните да си прават планови“, изјави Заев.

Тој не ја исклучи можноста и да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува протоколот, а би стапила во сила по шпанската ратификација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG