Линкови за пристапност

Во комисијата изгласани одредбите за импичмент


Постапката сега оди во Претставничкиот дом во полн состав

Законодавно-правната комисија на Претставничкиот дом на САД во петок усвои две одредби за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, отварајќи го патот за гласање во Претставничкиот дом со полн состав, што би можело да се случи следната недела.

Членовите на комисијата гласаа по партиска линија, откако вчера се распуштија по 14 часа дебатирање. Двете одредби, кои го обвинуваат Трамп за злоупотреба на функцијата и опструкција на конгресната истрага, беа одобрени со 23 спрема 17 гласови за секоја од нив.

XS
SM
MD
LG