Линкови за пристапност

Гласање за импичмент во Комисијата за законодавство


Законодавно-правната комисија на американскиот Претставнички дом во петок наутро повторно ќе се состане за гласање по одредбите за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Комисијата се распушти доцна во четвртокот по 14 часови дебатирање.

Комисијата под контрола на демократите се спротивстави на републиканските обиди за ослабување на нивните наводи и ќе гласа за испраќање на одредбите пред целиот состав на Претставничкиот дом, што најверојатно ќе биде следната недела.

Демократските законодавци по часови на расправа ги отфрлија напорите на републиканците за елиминирање на истрагата за импичмент по основа на тоа дека Трамп ја злоупотребил функцијата со вршење притисок на Украина да истражува еден од неговите демократски ривали за изборите во 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Комисијата исто така се очекува да ја одобри и втората одредба за импичмент што се однесува на опструкција на Конгресот од страна на Трамп со тоа што одбил да приложи стотици документи на барање на истражителите и што не дозволил официјални лица на администрацијата на Трамп да сведочат. Обединетото мнозинство на демократите има доволно гласови да ги блокира напорите на републиканците чија цел се забавување на притисокот Трамп да биде подложен на импичмент.

Републиканците тврдат дека постапката против Трамп е неоснована.

XS
SM
MD
LG