Линкови за пристапност

Бугарските академици контра МАНУ – македонскиот јазик е бугарски дијалект


По скандалозната декларација која ја усвои официјална Софија, нова провокација и нов удар врз договорот за добрососедство и обидот за усогласување на историските факти доаѓа од Бугарската академија на науки.Институтот за македонски јазик со осуда а премиерот не исклучува реакција преку МНР

СКОПЈЕ – Македонскиот јазик не постои бидејќи тоа е дијалект на бугарскиот, стои во официјалното соопштение и заклучок на Бугарската академија на науки (БАН) по вчерашниот состанок во Софија. Бугарските академици влегоа во отворен судир со Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) која пред десетина дена усвои повелба за македонскиот јазик која беше и иницијална каписла за вчерашниот скандалозен став на научната заедница во Бугарија.

„Изјавите на членовите на Академијата беа еднострани и нагласени во одбрана на научните вистини и факти во врска со потеклото, историјата и карактерот на службениот јазик во Република Северна Македонија, кои беа неправилно претставени во наведената Повелба, заменувајќи ја научната терминологија. Бугарската академија на науките смета дека ставот на македонската академија, изразен во документот за кој се дискутира, е неточен и неприфатлив, штетен за односите меѓу двете соседни земји. Академијата останува на ставот дека официјалниот јазик во РСМ е пишан-регионален стандард на бугарски јазик. Академијата ќе се фокусира на овој научен факт со низа настани што ќе добијат широко јавно покритие и медиумско покривање не само во нашата земја, туку и во странство“, стои во официјалното соопштените на БАН.

Од МАНУ пак велат дека документите на БНА во моментов се проучуваат и потоа ќе излезат со став. Претседателот Таки Фити го потенцираше одличниот однос со бугарските колеги од академијата и додаде дека ставот на БНА не бил едногласен но и дека постапката има политича позадина.

„Ги проучуваме документите и ќе излеземе со став. Ние имаме одлични односи со бугарската Академија. Јас имам и други информации дека сите академици на БАН не го поддржале тоа. Тука е инволвирање на државната бугарска политика што не е во ред. Нема да ги расипеме односите. Ние сме разговарале и сме се договориле дека нема прашања за кои не можеме да дискутираме и да се договориме“, изјави Таки Фити, претседател на МАНУ.

Со реакција се јави Институтот за македонска литература кој смета дека со таквата изјава на бугарските академици се негира постоењето на македонскиот јазик и претставува повреда на меѓународното право за себеидентификување.

„ За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици илјади монографии, студии, ставови и аргументи на македонски и на други светски јазици од реномирани домашни и странски слависти, филолози, историчари, социолози, етнолози, политиколози, културолози со кои се докажува правниот и историски континуитет на македонската нација, која постои со македонскиот јазик. БАН индиректно активира политички инволвирања во директното негирање на македонскиот народ и на македонскиот јазик, што претставува повреда на меѓународното право за себеидентификување“, соти во соопштението на Институтот.

Премиерот Зоран Заев пак најави дека ќе ја разгледаат официјалната инфромација на БАН и потоа ќе одлучат дали ќе реагираат официјално преку министерството за надворешни работи.

„ Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите чекори се направени. Верувам дека тоа мораме да го решиме. Јас не ја знам реакцијата, сега ја слушам од вас. Секако ќе реагираме и преку МНР и ќе ги направиме сите наши коментари откако ќе прочитаме што е самата реакција“, изјави премиерот.

Топј апелираше прашањето околу јазикот и идентитетот веднаш да се реши.

„ Таа формулација согласно уставите на државата во самиот договор покажува дека Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот и јас верувам и уште еднаш апелирам ако сме Европејци и ако се залагаме за европска демократија и за европските вредности и права, тоа прашање час поскоро да го надминеме“, рече премиерот Заев.

За членовите на заедничката експертска Комисија за историја ставот на бугарските академици не е изненадување. Работата во Комисијата речиси е заглавена порди се поголемите разлики во ставовите и гледиштата на членовите на поимот „заедничка историја“ но и за конкретни настани и личности од средниот век иилиденскиот период.

„Изјавата на БАН е во контитунитет на она што доаѓа од бугарската страна – да се негира македонскиот јазик, македонската нација и се што е македонско. Се работи само за продолжување на една антимакедонска политика која Бугарија долги години ја води кон Македонија. Бугарија ќе мора постепено, бидејќи тоа не е процес што оди брзо, да ја смени својата политика кон Македонија и после тоа да почне стабилизирање и нормализирање на односите во кое ќе има обострано почитување и признавање на фактичката состојба во двете држави. Ставот на БАН како и другите изјави од бугарските интелектуалци и политичари кои се во насока на негирање на македонската нација влијаат негативно на процесот на раговори во Комисијата бидејќи се губи довербата“, изјави проф. др. Александар Литовски, член на заедничката Комисија.

Негативната и негирачка реторика постои и внатре во Комисијата, тврдат нашите извори.


МАНУ, минатата недела, усвои повелба за македонскиот јазик која содржи седум точкикои се оденсуваат на промовирање и зачувување на македонскиот јазик и книжевност. Со повелбата македонските академици се обврзаа дека ќе ги поттикнуваат истражувања во сите области поврзани со македонскиот јазик, ќе ги афирмираат најзначајните книжевни дела објавени на македонски јазик,ќе се залагаат проектите кои се однесуваат на научното проучување на македонскиот јазик да бидат приоритетни и ќе се залагаат македонскиот јазик да не биде предмет на равизии и толкувања кои излегуваат од научната сфера

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG